Редакција

 

 

Trencho-Dimitrioski

Главен Уредник

Тренчо Димитриоски – Новинар, писател и истражувач од Прилеп 

 

Биографија со библиографија: 

Тренчо Димитриоски е роден на 14.01.1961 година во с. Крушевица, Прилепско. Основно образование и гимназија завршил во Прилеп. Дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје во 1991 година и работи како слободен новинар, писател и истражувач. Новинарски текстови објавувал во десетина печатени медиуми од Студентски Збор, Млад Борец, Македонија – Нова Македонија, Република, Пулс, Фокус, Македонско Дело, Свет, Македонско Сонце, Народен Глас, Македонска Фаланга (во овој медиум бил уредник), хумористичниот весни „Остен“ и др. Од 1989 до 1990 година работел во Втората програма на Радио Скопје. 

Поезија, раскази и есеи објавувал во весникот Студентски Збор, алманахот на Литературниот клуб Мугри при Филолошкиот факултет од Скопје, списанијата СтремежСтожер и ЛИК. Повеќе години бил уредник во списанието Стремеж, а денес активно се занимава со истражување во областа на археологијата, етнологијата и историјата и, скоро секоја година, организира предавања од сопствените истражувања. Во 2015 година одржа 10 предавања за културата и историјата на девет села и манастирот Трескавец кај Прилеп, во 2016 година повторно девет предавања за девет села и десетто за локалитетот „Чебрен“ со манастирот „Св. Димитрија“, општина Новаци, во 2017 година пет предавања, во 2018 се планирани, исто така, пет предавања од кои досега се реализирани три. 

Од 2016 година, Тренчо Димитриоски е уредник на порталот Пелагон, кој се занимава со објавување трудови од областа на историјата, етнологијата, антропологијата и културата на Македонија, со нагласок на на македонските области Пелагонија, Мариово и Прекурид.  

Ги објавил следните книги: 

  1. Отпадник, поезија, едиција Алфа, Скопје 1990 г.
  2. Тесно Небо, поезија,Стремеж, Прилеп 1993 г. 
  3. Плачливиот Џин, сликовница,Метафора – Прилеп, 1994 г. 
  4. Древна цивилизацијаI – археологија, митологија, преданија – Прилепско, истражувачки труд, ЦПРТВ Прилеп, 2000 г. 
  5. Македонскиот урбан расказ, заедно со Петар Петрески,Стремеж, 2001 г. 
  6. Древна цивилизацијаII – Мариово, истражувачки труд, Растерком, Прилеп 2002 г. 
  7. Ја преработил и подготвил за печат книгатаЖива историја – раскажувања за историјата на Пелагонија и Мариово (1856–1950) со преданија за населени местаод Томе Велјановски – собирачко–истражувачки труд, КИДЦМ Калеш Анѓа, с. Крушевица 2004 г. 
  8. Две Принцези, поезија за деца,ДИТТУ РИЗНИЦА, Прилеп 2008. 
  9. Ја преработил и подготвил за печат книгатаМакедонски народни умотворби и анегдоти од Пелагонија и Мариовоод собирачот Томе Велјановски – собирачки труд – народно творештво, ДИТТУ РИЗНИЦА, Прилеп 2008. 
  10. Ја преработил и подготвил за печат книгатаМакедонски еротски народни приказни, песни, вицеви и поговорки од Пелагонија и Мариовоод собирачот Томе Велјановски – собирачки труд – народно творештво, ДИТТУ РИЗНИЦА, Прилеп 2008. 
  11. Древна ПелагонијаI – истражувачки труд, ДИТТУ РИЗНИЦА, Прилеп – Калеш Анѓа, с. Крушевица, 2009 г. 
  12. Војводата Толе Паша– ДИТТУ РИЗНИЦА, Прилеп 2011 г. 
  13. Јаворов Пев– ДИТТУ РИЗНИЦА, Прилеп 2013 г 
  14. „Камени богови“ –ДИТТУРИЗНИЦА, Прилеп 2013 г. 
  15. Војводата Петре Железарот“ –ДИТТУРИЗНИЦА, Прилеп 2011 г. 
  16. Војводите Спиро Црне и Ѓорѓија ЛажотДИТТУ РИЗНИЦА, Прилеп 2016 г. 
  17. Војводата Диме ЧакреДИТТУ РИЗНИЦА, Прилеп 2016 г. 
  18. Војводите Коне Павлев и Мирче АцевДИТТУ РИЗНИЦА, Прилеп 2016 г. 
  19. Јордан ГавазотДИТТУ РИЗНИЦА, Прилеп 2016 г. 
  20. „Маргара“ДИТТУРИЗНИЦА, Прилеп 2017 г. 

Наскоро од печат ќе излезат уште 8 книги на авторот од областа на историјата – ајдутски и комитски период во Пелагонија, Мариово и Прекурид. Овие четири наслови се дел од Едицијата насловена како „Македонски јунаци од Пелагонија, Мариово и Прекурид“, која долго време чека за реализација. 

 

Katerina-Dimitrioska

Технички Уредник

Катерина Димитриоска – Веб Дизајнер