БАБА – КАРПА СО ИМПОЗАНТНА РЕЛЈЕФНА ФОРМА И МИТОЛОШКИ И КУЛТУРНИ ИМПЛИКАЦИИ

Една од многубројните релејфни чуда на прилепскиот релјеф (иако целиот прилепски релјеф е своевидно природно чудо) е карпата позната како „Баба“, која е централен објект на културно и култно-религиско живеење со милениумски континуитет.

Култната карпа „Баба“ од североисток

Нејзиното потекло и настанување, според геолозите, може да се мери со стотици милиони години. Значи оваа импозантна форма од карпа од вулканско потекло настанала далеку пред појавата на човекот во овој простор. Иако не знаеме, за кога првпат таа е видена со човечко око и човечки интелект, оправдано можеме да претпоставиме дека првиот човек, кој се појавил во нејзината околина, мора да бил фасциниран и силно возбуден од нејзината појава.

Култната карпа „Баба“ од југ 1

Затоа, таа е прифатена како централен објект околу кој, уште најстарите жители формирале свое престојувалиште, со верба дека живеејќи во близина на оваа божествена форма, се сосема блиску до божјата сила.

Култната карпа „Баба“ со пошироката околина 1

Оваа карпа и денес, во една видоизменета форма, повторно е објект на силна фасцинација и возбуда, како и објект кој постојано го привлекува вниманието на денежните жители на околниот простор.

Култната карпа „Баба“ со пошироката околина 2