НАСЛОВИ ЗА ВАША НАДГРАДБА, КОИ ТРЕБА ДА СТАНАТ ДЕЛ ОД ВАШАТА БИБЛИОТЕКА!!!

ДРЕВНА ПЕЛАГОНИЈА I

 

Автор: Тренчо Димитриоски

Истражувачки труд со изворни истражувања за областа Пелагонија, која носи прастаро име со милениумски корени од праисто­ријата – период за кој немаме историски податоци и за кое сознанијата ги црпиме од архео­лош­ките истра­жу­вања, од преданијата и митологијата. Пелагонија во себе го носи тоа митолошко време и, опстојувајќи до денес под тоа име, таа заслужува најголемо внимание. Особено што на просторот кој е именуван со овој топоним се среќаваат исклучително голем број траги на човековата култура и цивилизација од непроценлива вред­ност.

Најстарите регистрирани траги на човекот во Пелагонија датираат од старото ка­ме­но време – палеолитот, но за тоа имаме сосема малку сознанија. Овде ќе ги изнесеме досега познатите остатоци од најстариот период на човештвото во Пелагонија и нејзините соседни области. Се работи за два артефакти од овој период, пронајдени за време на Првата светска војна од страна на еден француски војник, Етјен Пат, едно камено орудие кај селото Кристифорово (Крстоар) и едно кај Буково, двете во Битолско. Се работи за две камени орудија со груба изработка кои се датираат во старото камено време, и се чуваат во француски музеј.1

Проследувајќи ги археолошките содржини кои ги чува Пелаго­нија под површината на својата плодна почва се добива впечаток дека овде во древното минато се развивала богата култура, односно вистинска цивилизација, која свои корени има во праисторијата, но посебен развој доживеала во бронзениот период и раната антика.

Цена:

600, 00 ден. за Македонија

20 УСД за САД – во цената се содржи и поштарината

25 АУД за Австралија – во цената се содржи и поштарината

16 евра за Европа – во цената се содржи и поштарината

 

КАМЕНИ БОГОВИ

Автор: Тренчо Димитриоски

Овој труд, кој е резултат на долгогодишно истражување на теренот на Пелагонија, Мариово и Прекурид содржи само дел од вкупниот број објекти, кои ги документиравме и определивме како експонати од културен карактер, поврзани со животот на човекот во овие области. Со помалку или повеќе културни траги на самите објекти и во нивната непосредна околина, сите тие претставуваат вистински документи на културниот опстој низ времето и споменици на културата од особено значење. За жал, не се ретки појавите на неразумно уништување, обезличување или отстранување на ваквите споменици. Во текот на проследувањето констатиравме многу такви појави на теренот, кои се особено загрижувачки за нивниот опстанок.

Каменот е прастарата и неуништлива врска на човекот со најстарата култура – палеолитот. Тој е првиот предмет на обожување и практична употреба на човекот и, на своевиден начин и во своевидна форма, трае и денес. Всушност, каменот, покрај познатите природни услови за појава и опстанок на човекот, претставува феномен, кој има основен придонес за опстанокот на човекот на земјата.

Цена:

700, 00 ден. за Македонија

22 УСД за САД – во цената се содржи и поштарината

27 АУД за Австралија – во цената се содржи и поштарината

18 евра за Европа – во цената се содржи и поштарината

 

ЕДИЦИЈА „МАКЕДОНСКИ ЈУНАЦИ ОД ПЕЛАГОНИЈА, МАРИОВО И ПРЕКУРИД“

Автор: Тренчо Димитриоски

Едицијата содржи 12 помали изданија за голем број личности и настани од историјата на Македонија, посебно на областите пелагонија, Мариово и Прекурид. Секое издание претставува посебен истражувачки труд. Во изданијата се изнесени непознати или малку познати сознанија за голем број личности и настани од споменатите области.

Цена:

200, 00 ден. за поединечен наслов – за Македонија

8 УСД за САД – за поединечен наслов – во цената се содржи и поштарината

10 АУД за Австралија – за поединечен наслов – во цената се содржи и поштарината

6 евра за Европа – за поединечен наслов – во цената се содржи и поштарината

Комплет од петте изданија можете да набавите за:

800, 00 ден. за Македонија

25 УСД за САД – во цената се содржи и поштарината

27 АУД за Австралија – во цената се содржи и поштарината

20 евра за Европа – во цената се содржи и поштарината

 

Изданија за деца:

„ДВЕ ПРИНЦЕЗИ“ – ПОЕЗИЈА ЗА ДЕЦА СО ИЛУСТРАЦИИ

Цена:

200, 00 ден. за Македонија

6 УСД за САД – во цената се содржи и поштарината

7 АУД за Австралија – во цената се содржи и поштарината

5 евра за Европа – во цената се содржи и поштарината

„ПЛАЧЛИВИОТ ЏИН“ – СЛИКОВНИЦА СО ОРИГИНАЛНА ПРИКАЗНА

Цена:

100, 00 ден. за Македонија

4 УСД за САД – во цената се содржи и поштарината

6 АУД за Австралија – во цената се содржи и поштарината

4 евра за Европа – во цената се содржи и поштарината

Комплет од сите наслови можете да набавите за:

2000, 00 ден. за Македонија

60 УСД за САД – во цената се содржи и поштарината

80 АУД за Австралија – во цената се содржи и поштарината

50 евра за Европа – во цената се содржи и поштарината

ИЗДАНИЈАТА МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОРАЧАТЕ НА

I- mail: arhlit@hotmail.com

или на тел.: +389 76/615-509