НИШТО НЕ Е ВЕЧНО – СЀ Е ВЕЧНО!!!

 

Коментар:

Нема некој посебен природен ентитет, предмет, биолошка единка, растителна единка, вид материја, вид енергија и слична поединечна појава за која би ножело да се рече дека се одликува со неуништливост, нераспадливост, трајност, неменливост, односно велност во своето постоење. Може да се разговара само за должината на времето во кое може да опстои. Има нешта, кои можат да се наречат „вечни“ само поради должината на времето во кое опстојуваат. Сепак, и таквите ентитети опстојуваат во динамика, со менливост на формите и содржините, со континуирано опстојување во разновидни форми и, на крај, завршува нивниот век.

Вечна е само севкупноста, целокупниот свет кој не опкружува и опстојува заедно, во специфична заемност. Оваа севкупност не е само вечна, туку е и безгранична, што значи дека зафаќа неограничен простор, како што опстојува во неограничено време, значи никогаш не престанува да постои, не се уништува, не се троши, не се распаѓа, односно нема ограничен век на постоење. Во таа севкупност се состои сè постоечко, познато и непознато, блиско и далечно, живо и мртво, односно, органско и неорганско, сите видови материја, сите видови енергии – СЀ. Затоа вечноста содржи сè и заедно со СЀ-то во вечноста се содржат и поединечните појави иако за нив не може да се каже дека се вечни. Тие се со ограничен рок на постоење, внатре во СЀ-то, односно, во вечноста.