ВИСТИНАТА
(Од необјавената збирка „КУЧЕШКО ВРЕМЕ“ – петти дел: „Вистината“)
Вистината спие
Зад ѕидот на молкот.
Вистината плаче
Под покров на стравот.
Вистината се смее
Зад грбот на заблудата.
Вистината тагува
Пред лицето на судбината.
Вистината грми На небото на лицемерието.