КУЧИЊА
(Од необјавената збирка „КУЧЕШКО ВРЕМЕ“ – втор дел: „КУЧЕШКО ВРЕМЕ“)
Кога ќе дофатат коска кучињата
пукаат нивните вилици
крцкаат нивните заби
од неизмерниот стисок
поттикнат од стравот
да не го изгубат пленот
во туѓи заби
со цврсти вилици.
Се пењават нивните усти
од сласта на коската
парче жива природа
лишена од месо
надеж за каков–таков опстанок.
Не задевајте ги озабените
со пленот приклештен меѓу забите
ќе се престорат во ѕверови
та острите орудија
за дробење цврста материја ќе ги сетите на својата кревка кожа.