ОТПАДНИК
(Од поетската збирка „Отпадник“, објавена 1990 година, КММ – Скопје)
Мојот живот е антипод на сите закони,
јас сум роб негов и отпадник.
Ништо не ми значи горчливата реалност
полна со магливо постоење и лажни вредности.
Завртен со лицето кан светлината
ставам точка на сите пропишани
и непропишани норми.
Така ја гарантирам оригиналноста на мојот
отпаднички живот.
He ме загрижува трнливоста на патот,
рамнодушноста лек е непроценлив.
Сепак се борам надвор од сите проверени начини,
очекувам успех исто колку и неуспех.
Илјадници очи го следат моето божемно качување,
бесполезноста некаде зафатила корен
колку ја корнеш, коренот јакне.
He признавам никаква реалност,
тоа е храна за мојот отпаднички дух.
Расипливоста на светот ја примам без грижа на совест,
чисти патеки барам низ невиден метеж.
Надвор од сите прописи и друти усмерувачки помагала,
помеѓу реалноста и законите,
нерегистриран отпадник.
He доаѓам во судир ни со едното ни со другото,
така останувам на сигурно растојание од сите реални и нереални беззакони.