СЛОБОДА ЅВЕР
(Од необјавената поетска збирка, „Кучешко време“, – трет дел, „Слободата“)
Ѕвони слободата на мојата врата,
рика како ѕвер,
се дере, збеснува од мака,
вреска како гладна хиена
во пустина дива
ме прекорува, ме предизвикува,
со навреди и пцости
ме храни, ме гости,
погрдно ме нарекува,
во поим ме сосекува,
револтот во мене го дразни
сака да ме казни,
поради светот лицемерен,
во кој место за сѐ има
но за неа,
кој е свесен,
просторот секогаш е тесен.