ЛУДОСТА ЗОВРИВА
(Од необјавената поетска збирка „Кучешко време“ – седми дел „Ние во вселената“)
Лудоста врие,
се шири реа
на распад,
болни духови скитаат
по небото и земјата,
и низ вселенските простори,
Се закануваат со оклештени вилици
и испуштаат грозни крикови
на вера во агонија,
со мирис на смрт и ништавило.
Треба да најдеме заветрина,
скриено катче на земјата,
за да опстане семето на љубовта,
по налетот на грозоморието,
на апокалипсата.