Вести од Марио’о, Прилепцка околи’а
АКО НЕ ВАА ГОДИНА, ДО ГОДИНА
(Од хумореските објавувани во хумористичниот весник „Остен“, пред дваесетина години)
Од ка почна да пиша за вој “Остен-от” катаден ми идат луѓе и токо ми кажваат шо да пиша, та не ме оставаат ни пио на рает да се напиа, стопанка му. Најногу ми досадуа вој кмето селцки шо сака ногу да се развие селото и сето Мариоо. Ми веле:”Пиши баго, нека чуат луѓето и власта оти овде е ногу заостанато, та да се напрае пат, вода и друзи работи”.
Имаме ние кмет, како немаме, баго, само сеа се вика прецедник, ама исто е тоа. Е, вој прецеднико наш не е менет уште од тоа социјализмо шо си замина оти е многу арен, а и луѓе нема кого да го избериш за таа голема служба. Некои од виа во селето не го сакаат, велат оти бил арамиа, оти многу лажел и ногу пиел, ама кој не пие во воа време, стопанка му. Троа ги мешаат политиките и виа партиите шо дојдоа во задно време, та сакаат свој човек да наместат за да му помага ка ќе бидат изборите, ама вој нашио прецедник не се дава така лесно. Веле: “Јас току труд вложи, стопанка му, за да се развие воа селото и сеа сакаат да ме испадат. Е не се даам, па нека пукне ѓаолот. Ќе држа дури можа.” Најмногу ѓурултии се праат на конференциите, коа се збираат сете луѓе од селото, ама вој прецеднико е итер човек, стопанка му и не се даа да го надвие некој од тие шо го неќат.
Убаво е да бидеш прецедник. И убаво и неубаво, ама повечку убаво. Вој прецеднико наш, баго, има многу врски и во градо оти е прецедник. Едно требало, друго требало за селото и, а тој кај тиа големите во градо да бара некоа помош. Успева. Некоаш успева, некоаш не, ама таква е таа работа. Најногу оде кај таа, прецедничката во градо, оти таа најмногу помош можела да дае за вој развојот на сето Мариоо. До сеа се напраи само некое патче до двечки селца, ама нататки се планирало оште да се прае. Е, сеа, вој прецеднико наш растрчуа во градо, бара луѓе за да се напрае пат до воа нашто село за да не одеме пешки по саат и повечку, ама не знам шо ќе напрае, стопанка му. Веле оти му обеќаат оти ќе биде ако не ваа година до година, ама ќе видиме. Некои од селото велат оти тој си брка своа работа и троше пари од селската каса, ама јас не му веруам оти ногу пати сум бил со него и тој и троше парите од јагнињата, али од сирењето шо го продаа на тиа приателите во градо. Е, сеа со тиа, големите, во градо непара му оде муабето, оти тиа се големи грацки луѓе и оште поголеми се праат, баи, оти седнале на столицата, ама шо може човекот да прае, баго, не можа да му замера. Најтешко е да се пое кај ваа прецедничката на градо, оти ногу е заватена со грацки работи. Де е во градо, де е на пат, де е заватена со некоа друга работа и вој нашио прецедник ногу тешко успева да а нае. Чине пои кај тој секретаро, шо го викаат “Гагачо” и му веле ; – А бе, Гагач, зар не знајш, баго, коку пати ида да и кажа на ваа, прецедничката, за воа нашто село шо е ногу заостанато и ногу маки тргаме со пат, со вода и со друзи работи. Шо не помоиш, стопанка му, да напраиме, та нешто да напраам и да и намалеме виа нашите селцки маки, баго.
Тој, Гагачо, некој строг човек, стопанка му, токо ќе и смурте тиа муцките и веле: – “А бе, од кај да те знам јас тебе коку пати си дошол. Вие сте ногу, јас сум еден, не сум компјутер, баго. Заватена е денеска прецедничката, дојди друг ден”. После чине пои вој прецеднико наш во некоа кавана да се накрка, та ко чине напи се од јадови, сете маки ќе му и каже на пријателите шо се собираат оти знаат за паричките шо и носе во џебот од сиренцето шо го продал. Тиа, стопанка му, повечку му обеќаат и од виа големите во градо, ка да се тиа поголеми од ниј, ама до сеа ништо не напраиле, баго. Току за вој пат.
Ѓоре Грацко – Маријојцо