ОБЛИКУВАЊЕ

(Од поетскта збирка „Отпадник“, Книжевна младина на Македонија, Библиотека Алфа, Скопје 1990)

Откинат од мајчина утроба,

фрлен во метежот

проста необликувана маса

со ронка вродена интелигенција

и силен инстинкт за одржување

се борам со дезинформирачки

и разорни сили

за да го достигнам својот облик.