ЕРЕТИЦИ
(Од необјавената поетска збирка „Кучешко време“ – четврти дел „Раѓање“)
Минуваат крај мене ликови,
божји творби
ослободени од суштина,
со кревки плеќи за вистината.
Минуваат преку мене,
ме газат,
се провираат низ мене,
ме рануваат,
забораваат на болката
изедени од сомнеж.