ЛЕГЕНДА ОД ВРЕМЕТО НА КРСТОНОСНИТЕ ВОЈНИ ЗА ЕДНА ДЕВОЈКА ОД САМОИЛОВОТО ПОТОМСТВО – КАКО НОРВЕШКИОТ ГРАД КРИСТИЈАНИЈА, ВО НЕЗИНА ЧЕСТ, БИЛ ПРЕКРСТЕН ВО ОСЛО

(Од книгата, „Народни умотворби од Пелагонија и Мариово“, Автор: Томе Велјаноски, подготвил: Тренчо Димитриоски)

Кога биле крстоносните војни христијаните бранеќи го гробот на Исус Христос од налето на исламските освојувачи. Сите тогашни Европ­ски држави под католизмот давале голема воена помош за бранење гро­бот на Исус Христос а, додека, источното византиско царство со седиште во Кон­стантинпол било пасивно и одбивало да дава воена помош за бра­нење на гро­бо на Исус Христос и затова дошло до поделба меѓу запад­ното и источ­но­то христијанско царство во 1054 година. И со таа поделба источното ви­зан­тиско православно царство го платило цехот со окупа­ција со продорот на отоманската турска империја, а западното католичко царство ни со прст не мрднале да ги бранат своите источни христијани, браќа, сè додека не дош­ла турската окупација на Виена.

Градот Осло – сликата е позајмена од Википедија

          Во западните Европски рицари, коњаници за бранење на гробот на Исус Христос имало и некој голем норвешки војсководач во составот за од­брана на гробот. Норвешкиот војсководач, висок официр, случајно оти­­шол во Константинпол и навратил во тогашниот византински затвор во Кон­стан­тинпол и, во тој затвор, нашол една убава млада девојка по име Ос­лов­јана од потомството на Цар Самоил, која лежела осудена во тој затвор. Нор­вешкиот голем официр, коњаник, рицар, се залубил во таа убава девој­ка Ословјана од потомството на Цар Самоил и за пари ‘е отку­пил од визан­ти­скиот затвор во Константинпол, и ‘е однесол дома во Нор­вешка, и се оже­нил со таа девојка Ословјана. Норвешкиот коњаник, ри­цар, официр, во чест на неговата жена Ословјана го прекрстил тогаш­ни­от норвешки град Крис­ти­јанија во Ословјанија – денешен Осло, главен град на Норвешка. Исто така, во незина чест, го зел амблемот од Цар Само­ил, лавот и знамето. Знамето ало­во–жолта боја, која и ден–денес е крал­ската круна во Норвешка, со алово–жолта боја и лавот, кој биле државни амблеми на Цар Самоил.

Војската на Самоил

      

Цар Самоил

Ова ни го кажуваше еден Норвежанец, како легенда, кога работев­ме на руската платформа, во бродоградилиштето Гöтоверкен – Арен­дал во Гетеборг – шведска, во 1978 година. Како стој во норвешката ен­цик­ло­педија не ми е познато. Но имам стретнато во книги да до Х век градот Кристијанија е прекрстен во град Осло.

          Овa легенда можат да ‘е проверат нашите историчари во норвеш­ките документи дали е само празна легенда или, пак, има нешто вистина од овa легенда.

Сабота 01 – 01 – 2000 –та

Кажувано од Норвежанецот, Швајцеро Алав Хенсе

Запишано од Велјановски Томе с. Марул, на работа во Гетеброг – Шведска