НИКОЛА ИВАНОСКИ БИЛ ПОДМОЛСКИ НАСТРАДИН–ОЏА

(Од книгата, „Народни умотворби од Пелагонија и Мариово“ – Автор: Томе Велјаноски – Подготвил: Тренчо Димитриоски)

          После I–та балканска војна во десетио месец во 1912 година. Тур­ска­та царштина ‘е изгубила, како власта, и територијата над нашите прос­то­ри. Исто така, и турските банди и качаци, од околните турски, населени места, како Мусинци, Будаково, Канатларци и Ерековци, што правеле, до­то­гаш, разни заседи по патиштата, убивале и плачкале невини луѓе, се по­мириле со судбината на нивната моќ и се повлекле како обични луѓе. Овие турски банди, на Исламовци и Пардиовци, предводени од тепачите Ри­фат, Рустем, Исмаил и др. и нивните помошници, честопати, биле стрет­нувати по пато за на пазар, за Прилеп. Нашите луѓе не ги забора­ви­ле ликовите за нивните минати, злосторнички дела. Еден таков човек, што не ги забо­ра­вил нивните, минати, лоши дела, бил подмолецо Никола Иваноски.

          Годината на раѓањето на Никола, засега, не е позната. Се знае да бил војник во I–та сведска војна. Никола, турскиот јазик го владал одлично, со неговата природна надаренос за хумор, бил познат надвор од с. Подмол. Со тој, негов начин на хумор, честопати, имал стредба со турските пазарџи’ по пат за на пазар, навиткан со волненио шал околу главата, а Турците, на нивните шами’ и чалми, по патот ќе разменел тутун со турските пазарџи’ и, по пато за Прилеп, му правел алашвереш, смеи, на турските пазарџи’, кој го тапкале по плеќите и го фалеле за неговата хумористика:

          – Браво, бе, Никола! Без тебе пато ни е долг.

          Никола со нив си правел алашвереш, смеја, но во душата си мислел да, нешто да му врати за нивните минати, лоши дела. Немал срце визички да ги оштетува, него само духовно да ги вознемирува. Турските пазарџи’ во летниот период повеќето оделе боси, натоварени магарината со диса­ѓи­те, во нив ставено сено за магарето за преку дено, сеното така, неспас­тре­но, раскоштравено, на задните чакулци со конец конопен обесено едно ши­ло, тие качени, очекорени, во самаро и свртени, глед само напре и дупи го магарето за побрзо да оди.

          Никола, со муабет, одеќи поред нив и со дикат ќе му пуштел жарче или од секало запаленио гајтан со огнилото или, пак, догорената цигара или пепел од лулето или цигаралнико во сеното, во дисаѓите на вјавачо на магарето и неосетливо ќе се одалечел од придружуваниот пријател пазар­џија и по извесно време ќе се запалело сеното во дисаѓите, ќе почнело да чади во дисаѓите. Ако му дожежело на магарето ќе срипало и преврти го вјавачо. Збунети од ненадежниот оган во дисаѓите, ќе се собереле да го гаснат. Го гаселе со шами’те, чалмите, а Никола гледаќи ги од понастрана и си се подсмевал и во умо си велел: – Море верата ваша, до вчера со чевлите му газете на телото, за без потреба, на нашиот народ, сега ве натерав со боси нозе оган да гасите.

          Често пати добивале изгоретини, меури по нозете и си ги ладеле со вода по пат за на пазар.

          Никола, кога ќе му се прикажела прилика, кога имало кал по патот, ги гледал како го гасат пожаро раскашавени во чевлите – опинците и алиш­тата и си велел сам себеси: – Вие велите да сме ние домузи. Не сме ние домузи, него вие сте затова што се тркалате во калта како домузи.

          Така, извалкани оделе на пазар за Прилеп.

          Ова нешто на Никола му правело посебно задоволство. За ваквите скандалозни пожари што му ги правел Никола на турските пазарџи’, чес­то­пати, доваѓало до кавги помеѓу самите турски пазарџи’ од неверство по­меѓу себе.

          Никола, вакви подметнати пожари за време на неговото пазарување после I – та балканска војна, па до неговиот пазарџиски престанок, му на­пра­ви над десетина пожари, и това на луѓе кој тој ги познавал што биле злосторници, убици, плачкаши по патиштата, за време на владеењето на турската царштина до 1912 година и ниту еднаш не успеале да го откријат подмолскиот вешт мудрец Никола Иваноски, кој сè до неговата умирачка бил сметан од страна на турските пазарџи’ за голем нивни пријател.

Раскажале повеќемина подмолци, Бешлакоски Трајан, Кеноска – Тошеска Калина, Тошески Цветан, Илиоски Димитрија, Лозаноски Илија, Кржески Тале и повеќемина марулци.

Гумени копанки во Подмол