ЉУБОВТА ПО КОЈА КОПНЕАМ
Љјубовта по која копнеам скриено
е итра и брза како верверица,
дива и силна – невидлива како рис,
таинствена и умилна како срна,
слободна и лесна како рајска птица,
нежна и прекрасна како пеперутка.
Посакав тајно и тивко да ѝ пријдам
и кога дојдов толку блиску до неа,
неодоливо посакав да ја допрам
со нескротлив копнеж во моево срце,
полн со нежност и во возбуда заробен,
како ѕвездена прашина во маглина
исчезна во мигот пред моиве очи,
толку чудно, толку вешто и игриво,
ме остави во ширта, ем тажен, ем сам
на патеката на љубовното небо.