СИЛАТА НА ЗБОРОТ
„На почетокот беше зборот“
Јован 1:1 – 5
Ништавни суштества
Му ја украдоа силата на зборот
А зборот беше нивни создател.
Го омаловажија и обезвреднија
Го извалкаа и обезоружаа
Политичари, водачи
Натовци и светски моќници
Глобалисти и масонери
Владетели
Лажни хуманисти и
добродетели
Претседатели, премиери,
министри и секретари
Генерали и војсководачи
Бесрамници и бесчесници
Вообразени лицемери
Лажни пророци и
лакомници
Директори и шефови
Папи, презвитери и опати
Попови и владици
Академици, доктори и професори
Службеници и технократи
Мали осилени службеничиња
Политички поттрчковци и подлизурковци
Умислени во непостоечки улоги
Истрчаа напред
Без срам и чест
Ги отворија устите како пештери
Изустија збор безвреден
Го предизвикаа ЗБОРОТ
Па сега се чека момент, и знам,
На крајот, повторно, ќе биде збор.