НЕ „ПЛУЌА“, ТУКУ “БЕЛИ ДРОБОВИ“ ИЛИ БЕЛОДРОБНИ КРИЛА ИЛИ ГЛАВНИ ОРГАНИ ЗА ДИШЕЊЕ

Толку грубо за македонскиот јазик, а толку применувано!?? Речиси, стана практика, место бели дробови да се применува српското, плуќа, без да се има предвид, ниту тоа дека и ова е неправилно српски, зашто српското „плуќа“ се пишува со знакот „ћ “, „плућа“. Тоа го прават научници, новинари, судии и адвокати, учители: Учители? Да, за жал, толку е одомаќинето, па доколу е неправилно (читај: странско, српско, англиско или какво било), тогаш е „подобро“. А толку убаво звучи: бели дробови! Значи, чисти, бели, розови, односно, незагадени, без пушење, исполнети со чист воздух дишни органи, бели дробови или белодробни крила.Толку лесно, толку убаво и толку правилно! Станавме и толку немарни, па немаме, ниту елементарно чувство за сопствениот јазик и толку лесно го сквернавиме?

            Проблемот не е во српскиот термин за овој главен орган за дишење кај цицачите и повеќето рбетници. Ниту во терминот во големиот број други јазици. Сите тие термини убаво звучат и убаво „си лежат“ во соодветните јазици.Пробелемот е во тоа што го огрубуваме македонскиот јазик со несоодветни термини и покажуваме непознавање, но и грубо непочитување. И, сосема, не е  важно во разговорниот јазик, иако и таму звучи грубо и несодветно но, особено, е важно во службените документи, во службените текстови и материјали, во научните трудови, во судските документи и новинарските прилози.

            За крај: Бели дробови се главни дишни органи кај цицачите и поголемиот број безрбетници сместени во предниот дел на градниот кош. Тие претставуваат две белодробни крила со розова боја обвиткани со мембрана, наречена плевра. Во нив има бронхии, кои завршуваат со алвеоли. Белодробните крила го покриваат срцето и крвните садови во градниот кош. Нивната основна функција е да вдишуваат кислород од атмосферата и да ја снабдуваат крвта, а да издишуваат јаглероддиоксид и да го испуштаат во атмосферата. Размената на споменатите гасови се одвива во алвеолите.