МАКЕДОНСКИ КОМУНИСТИ И БУГАРСКИ ФАШИСТИ Е НАЈНОВАТА ИГРА НА БАЛКАНОТ
И сега??!!! Тие нас и денес не викаат комунисти, зашто сме инсистирале да останеме Македонци, а ние, како да ги викаме? Како деца, се сеќавам, игравме партизани и Германци и тоа, некако, му доаѓа како комунисти и фашисти. Па, ако сме ние денес комунисти, сосема нормално, како пандан, во име на „играта и забавата“, што ќе бидат во неа нашите „мили братја“? Фашисти? Не, ќе се налутат, има предлози, како „административци“, „ослободители“, „хуманисти“, од нивна страна а, „релативно“ тврдо предлага нашиот „врвен“ историчар Драги – окупатори, „анексатори„, а колку го разбрав, би можело и „кобајаги фашисти – нацисти“.
Односите меѓу Македонија и Бугарија, во последно врем, навистина „легнаа“ на самиот под. Премиерите на двете држави почнаа да се занимаваат, дури, и со брачните односи на некои македонски сопружници. Незнам дали оној секретар на Културниот центар „Ванчо Михајлов“ од Битола не треба да размисли и за тужба за нарушување на угледот на личноста и на семејството, со тоа што по вмешувањето на бугарскиот премиер Кирил Петков семејната ујдурма доживеа публицитет и на меѓународно ниво. Ете, на што се сведовме!!! Премиерите станаа советници за брачни односи, што значи дека Владите имаат амбиции да „пораснат“ во брачни советувалишта. Смешно е, ама има индиции за тоа. Мене, сепак, ми се чини дека премиерот на Бугарија ќе продолжи да прави ургенции за неговите „Бугари“ во Македонија – немој нешто да им фали додека не влезат во македонскиот устав?!! Се, разбира, за да влезат комплет, во „полна сила“ во него, па веројатно е дека како такви ќе успеат во крајната цел – Македонците да прифатат дка се „измислени“ од Тито. Македонскиот „админситратор, пак, онака услужен, сите услуги му ги прави на „својот“ премиер од „братската“ земја, без „М“ да каже, не пак, да побара нешто за Македонците во Бугарија. Се разбира, само така, „у Европа“, нема друг пат. И што поскоро – така рече.
Многу брзо по „силниот“ ангажман на бугарскиот премиер, Кирил Петков и „благопријатната“ соработка во него на неговиот „мил“ колега од Македонија околу брачните недоразбирања на секретарот на Културниот центар „Ванчо Михајлов“ од Битола и неговата почитувана сопруга, светот дозна повеќе детали околу оваа непријатна семејна драма. Имено, излезе на видело дека посочениот секретар го запоставил своето дете од „патриотски“ причини, демек на уво му се дерела неговата патриотска должност, односно, побрзал да стигне навреме во Скопје да му одаде почит на Гоце Делчев. Веројатно е и дека, во својот „патриотски занес“, сосема заборавил на детето, а тоа би можело да му биде олеснителна околност во расчистувањето на односите меѓу него и неговата сопруга. Зашто, токму тоа, запоставувањето на малиот, се чини, многу ја налутило неговата сопруга, која признала пред полицијата дека самата, го скршила стаклото на продавницата за свеќи и цвеќе, па така ја „растера маглата“ од Македонија, која за миг ја „зафати“, па дури и ја потресе и Бугарија.
Останува дилемата дали брачното недоразбирање било само поради неисполнета родителска должност на „одговорниот“ татко или на неговата сопруга ѝ дошле „преку носот“ полтичките и „патриотските“ ангажмани на нејзиниот сопруг – секретар. Во тоа, сепак, од почит кон семејството, посоченото и воопшто, како институција од големо значење, јатка во општеството (ова, крајно сериозно), нема да продолжиме со таквите неблагодарни шпекулации.
Во Мекедонско-бугарските односи, речиси ништо ново, што би рекле, медицински и скратено, „бо“ (без особености). За бугарските власти (Петков, Радев и целата гарнитура) „њама, НЕ, њама“ Македонци во Бугарија. Нормално, тоа важи и за Македонија, тргнувајќи од „силно аргументираната“ бугарска теза за „измислувањето“ на Македонците од страна на Коминтерната, Тито, Сталин, како и нивниот омразен Ѓорѓи Димитров, а додека Македонија не ја прифати и ратификува оваа теза, нема Европа, ниту европска иднина. Ех, да беше жив сега Божидар Димитров, ама, ете го Красимир Каракачанов, кој сега скоро се пожали дека многу си ги сака коските на Гоце и, со тоа, додаде уште еден „украс“ во полтиката на Бугарија кон своите „братја“ во Македонија. Да чува Господ, велат нашите постари, му ги глодаат коските на тој голем револуционер и космополит и по смртта. А, како, кажува неговиот современик и соборец, Крсте Гермов – Шакир тој, Гоце, кого тие милуваат да го „велат“ Георги, бил еден од ретките што не влегол во просториите на тогашната бугарска влада. Ех, „кутриот“, којзнае што имал во својот ум, можеби од „скромност и култура“.
Инаку, како гледам, ништо не се сменило последниве стотина години во меѓусебните односи на овие двајца „браќа“. Едните со фашистите од Хитлер, го ослободија својот „брат“ за кратко, „изглумија“ фашисти неколку години, направија неколку фашистички зулуми, влегоа како такви во сите светски документи, па сега велат ние сме биле виновни што така сме ги нарекувале, и Тито со комунистите што „не направиле“ нас. Па на, овие, комунистите, па и на тој, Тито, па и на Сталин и на Коминтерната, како им текна да не крстат „Македонци“? Им се сони ли на сите заедно во една ноќ? Не можеа ли да изнајдат некое друго име, па можеби нема да ни се нервираа „браќата“ денес, а и нам ќе ни беше полесно! Ама, тоа е, се може да се очекува од тие „луди“ комунисти!!!
И сега??!!! Тие нас и денес не викаат комунисти, зашто сме инсистирале да останеме Македонци, а ние, како да ги викаме? Како деца, се сеќавам, игравме партизани и Германци и тоа, некако, му доаѓа како комунисти и фашисти. Па, ако сме ние денес комунисти, сосема нормално, како пандан, во име на „играта и забавата“, што ќе бидат во неа нашите „мили братја“? Фашисти? Не, ќе се налутат, има предлози, како „административци“, „ослободители“, „хуманисти“, од нивна страна а, „релативно“ тврдо предлага нашиот „врвен“ историчар Драги – окупатори, „анексатори„, а колку го разбрав, би можело и „кобајаги фашисти – нацисти“.
Не, нема лек, нема име што може да ги смени, ниту нив, ниту нас, односно, не ќе е до името, до умот е, затоа и по 80 години, еве, уште си „играме“ партизани и Германци, пардон, комунисти и фашисти. Овие од нашата влада, кои се однесуваат како доследни административци, се повеќе, се трудат да заличат на комунисти. Еве, слушам, на вечерните вести, нашиот главен „административец“ и „комунист“, нашол некој пишман Германец, мислам од Македонија, ама работел 18 години во Германија, а сега ни изнакажа едно чудо „чудни“ вистини, дека со најавениот минималец од 18.000 ден. можело да се живее и тој бил среќен со таков минималец, па зошто да не бидеме и сите ние, заедно со него. Е, па ова го немаше ниту во „најтврдиот“ комунизам, ама нашиве современи комунисти ги надминаа своите претци во вештините, по примерот со учителот и ученикот. Тие, можеби, ќе најдат и некој домашен или повратник, кој ќе може да дише и на шкрги!!? По сето ова, ништо не ме чуди, односно, верувам во нашите „комунисти“?!!
Оние од „братската“ влада со непопустливото „НЕ“, „њама“ Македонци, пак, што се? Нема друго, ова е вистинско враќање во тие „славни ослободителски“ времиња, од 41-та до 43-та, времето на дружбата со Хитлер и неговите фашисти. Е, ајде, па тоа е само „игра“, ние комунисти, тие фашисти!!! Може, дури и забавно да ни биде! Хајл коминисти, хајл фашисти, хајл административци!