МОМЕНТ ИЛИ ЧОВЕК
Инстинкт на омраза,
Ѕверство,
Грда мисла во човека,
Изгубено чувство за убавина.
Доаѓа ден на болка,
Камен
Во студено срце
Зрачи студ во времето
Расплакано од блуд,
Грозни дејанија,
Невидени од око.
Човек, близок на ѕвер,
Дојде во нашиот свет,
Донесе зло
Од искон време
Што безбожно тече
В дамари,
Скриено во гламур,
Пурпур, злато и срма
Под дијадема.
Студена смеа
Коските ни ги тресе,
Сатанска зла итрина
Во тартарски длабочини
Не води,
Мрак иден сите не мами.
Убавината спие
Под црн покров,
Вистината тлее под измама.
Стрели,
Гласници на смртта
Пиштат како змии
Под студен камен.
Трепери скриено
Катче во душата,
Пред суден ден,
Ѓаволско племе
Се крева
Опседнато од зол-дух.
ххх
Се чека човек
Или момент
Да дојде од скраја
Да затвори круг
Непробоен,
Да не поведе
Во раст,
Да разбуди во нас