ЧЕТИРИ ВИНАРНИЦИ ВО КАМЕН НА НА ДИВИОТ ЛЕВ БРЕГ НА ЦРНА РЕКА ВО БЛИЗИНА НА РАСИМБЕГОВИОТ МОСТ

При случајна посета на Црна Река во близина на Расимбеговиот Мост, слегувајќи по нејзиниот стрмен лев брег, на стотина метри подолу од мостот сретнавме, дури, четири објекти издлабени во карпа. Три од нив беа свежо раскопани, односно, испразнети од земјата која ги исполнувала, а четвртиот беше со празно дно исполнет со мов. Сите четири објекти се со слична димензија од 2-3 м должина и околу 1 м ширина, а со длабочина од 0,20 до 0,30 м. Набљудувајќи го денес просторот во кој се расположени групата од четири винарници во камен, се чини мошне чудно од каде се појавиле тие на ова „пусто“ место. Амбиентот во која се наоѓаат е особено живописен, опкружен со карпи со разни форми, и разновидни профили со голем број задлабувања, природни ниши и сл. Некои од нив се впечатливи и по својата димензија и импозантност и претставуваат вистински природни споменици од вулканско потекло.

Винарник бр. 1

Целиот терен е сместен во рамките на големата Скочивирска клисура, на стрмните брегови на Црна река, главно, карпест, со мали и тенки површини земја меѓу карпите и тешко е и да се помисли дека на овој простор, кога било, се одвивал живот, културна активност, воопшто, се случувала дејност поврзна со човекот и неговиот опстанок, односнно, се одгледувала винова лоза. Единствено, остатоците на диви лози во поширокиот простор дават можност за размисла и анализа. Исто така, на стариот амбиент на одгледување винова лоза, токму на овој локалитет, не потсетува и преданието, кое се однесува на локалитетот „Стари Лозја“, на спротивниот брег, според кое, во некое старо време, имало насади на винова лоза.1

Винарник бр. 2

Денес, овој простор е сосема напуштен и див, без каква било стопанска активност, речиси, суров и недостапен. Среќавајќи се со овие културни објекти, кои не упатуваат на некое древно мајсторство во обработката на камен, како и во древното искуство поврзано со обработката на виновата лоза и грозјето, односно, производатвото на вино, не тера на размислување за животот во длабокото минато на овој прострор. Во поблиската и подалечната околина се среќаваат остатоци од стари населби, од различни периоди, како што е локалитетот, „Ќулавите“ на десниот брег на Црна Река,2 во близина на Расимбеговиот мост, како и локалитетот со тврдина и стари цркви (дури две ранохристијански цркви и една палата за христијанските свештенослужители) на локалитетот „Маркови Кули – Градот“, малку подолу, на левиот брег на Црна Река.3 Сосема е логично да се заклучи дека жителите на населбите од овие споменати локалитети, како и на некои жители од населбите од поблиската околина, биле одгледувачи на винова лоза и производители на вино, кои ги користеле споменатите објекти за кои овде станува збор.

Винарник бр. 3
Винарник бр. 4Винарник бр. 4
Од амбиентот вои блиската околина

1 Тренчо Димитриоски, Древна цивилизација II – Мариово, археологија, митологија, преданија, РАСТЕР-КОМ – Прилеп, Прилеп 2002, 104.

2 Исто, 80 – 82.

3 Исто, 94 – 98.