СТАРИОТ ГРАД ПРИЛЕП БИЛ ГРАД УШТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ И РИМСКИОТ ПЕРИОД (9)

ГРАЃАНИ НА АНТИЧКИОТ ГРАД ПРИЛЕП (КЕРАМИЈА) ПОЗНАТИ ОД ПРОНАЈДЕНИТЕ СПОМЕНИЦИ СО НАТПИСИ

– ХЕРАКЛЕ, КИБЕЛА, АТИС И БРИГИЈЦИТЕ – ЗОИЛ, НИКОЛА, ДИОНИСИЈ И ВРСКИТЕ СО СТИБЕРА –

Споменик со Херакле
  1. χαίρετέ μοι οί παροδίται – στήθι μικρόν με δα-

            κρυσατε  – έγώ γάρ είμι ό ατυχής Λούκίς καί

            χρηστός  – χίρι βάρι ή γη σε κατορίτη φονια

            επισκιάζονσα Άτης εποίησα μνιάς χάριν35 

            Радувај се, ти што се предаде – ме расплака – јас сум несреќниот Лукис и добар човек – те молам издржи ја тежината на земјата во страшните убиства што го засенија Атис за вечен спомен 

            Еден споменик од Прилеп, кој денес се чува во Музеј на Македонија е, особено, интересен. Тој претставува плоча од мермер со димензии 0,43х0,37х0,04 m, која содржи интересен релјеф и натпис со подолга содржина со извесни стилски особености.

            На горниот дел од плочата, кој е со рамна површина и вдлабнат во однос на долниот дел, на десната половина е претставен ликот на митолошкиот јунак и бог, Херакле во исправена положба, без облека, со топуз во десната и лавовска кожа во левата рака. На левата половина се соочуваме со лик на жена во седечка положба, облечена во долг фустан и седната на своевиден трон.36 Фигурата на жената има силен израз на лик со авторитет, со достоинственост, која упатува на божественост. Не можеме да кажеме кој лик го претставува жената на тронот, но можеме да претпоставиме дека тоа би можела да биде Мајката на боговите, Кибела или мајката на самиот Херакле, Алкмена. Во секој случај, интересно е тоа што Херакле, кој Македонците го славеле и почитувале како бог, бил особено присутен во верувањето на граѓаните на стариот Прилеп, како заштитник на живите потомци, како и на покојниците, односно, на нивните почивалишта. Како што видовме погоре, Херакле беше претставен уште на еден надгробен споменик, заедно со божицата Афродита (Види: споменик под бр. 4).

Херакле - Hercules_Musei_Capitolini
Херакле – Hercules_Musei_Capitolini

            Особено е интересен натписот, кој следи во долниот дел на плочата, која завршува со клин за поставување во извесно лежиште на хоризинтална плоча на гробот. Текстот е необичен и пародичен, а со тоа не упатува на делото на еден познат антички автор, Апулеј, чие најпознато и сочувано дело е романот, „Златното магаре“, со главен лик по име Луциј. Во текстот го среќаваме токму името на јунакот, но и едно име на своевидно божество, Атис, кое е од бригијско потекло.37 Познато е дека Бригијците се стара етничка зедница, која во постарите периоди ја среќаваме на територијата, која подоцна се појавува како етничка територија на Македонците. Популацијата на Бригијците се раширила на многу широк простор во Медитеранот, па ја среќаваме од Мала Азија до северна Италија, а во митологијата и историјата се познати голем број личности со такво потекло. Присуството на Атис на плоча од стариот град Прилеп, која е датирана во II век на нашата ера упатува на присуство на бригиска култура кај неговите жители.

            Атис е име, кое се среќава кај повеќе автори, како име со бригиско потекло. Од митологијата е познат Атис, како Бригиец, син на Бригиецот Калај, а кој бил почитуван и славен како  божество. Кога пораснал, тој отишол кај Лидијците и кај нив изведувал тајни обреди посветени на Големата божица. Поради тоа, тој и станал многу мил на божицата, а Ѕевс се налутил и на Лидијците им испратил некоја голема свиња, која убила повеќе Лидијци, а со нив загинал и Атис.38 Постои и друга приказна, според која Атис кога пораснал, неговите роднини го испратиле во Песинунт за да се ожени со кралската ќерка. На самата свадба се појавил извесен Агдистис, кој бил роден со машки и женски полов орган и силно бил заљубен во Атис. Кога се појавил Агдистис, Атис полудел и си го отсекол половиот орган.39 Тој бил почитуван заедно со Големата божица Кибела или Мајката Дидименска.40 Според некои од авторите, Атис бил закопан кај бригијските (фригијски), градови Анкира и Песинунт, под планината Адистис.41

            Според Херодот, Атис се викал и еден од синовите на лидискиот крал Кројс, а за Лидијците тој вели дека најпрво биле Меонци.42   

Стела со натпис со имињата Аврелиј Јулиан и Никола
  1. Αυρήλιος Ίουλιανός

            τη μητρι και Νικολάω

            τω άδελφω κατοιχωμέ-

            νοις κέ Ζωίλω πεντέρω

            ζωτι έποίησεν μνίας

            χάριν43     

            Аврелиј Јулијан на неговата мајка и Никола на неговиот брат, запишани од Зоил, беа напишани петмина за да останат во вечно сеќавање.

            Граѓани на градот Прилеп, во III век од нашата ера биле и Аврелиј Јулијан, Никола и Зоил, кои ги среќаваме на една стела, која е делумно оштетена, која е пронајдена во Прилеп, а се чува во Музеј на Македонија. Додека Аврелиј и Јулијан се од латинско потекло, имињата Никола и Зоил се од медитеранско потекло. Особено е интересно името Зоил, кое често го среќаваме на епиграфските споменици од античкиот период во Македонија.44

Стела на Валериј Лолијан
  1. [ . ]Ουαλέριον

            Λολλιανόν

            ήρωα ετών – –

            [- Ουαλέρια – -]

            – – -HCO- – –

            καί Ίουλιανός

            Κλήμε[ης]45 

            Валерион Лолијанон херој на годинaта Валерија …. и Јулијан Клеменс

            На споменик датиран II-III век среќаваме, главно, романизирани имиња на граѓани на стариот град Прилеп, а едно од нив е блиско до познатото христијанско име Климент – Клемент. Споменикот е од надгробен карактер, со релјеф при врвот – најпрво небесен симбол во фронтонот, а под него, во ниша, фигура на човек или борова шишарка, која не може јасно да ее определи поради оштетување. Најдолу се наоѓа натписот во 7 реда.

  1. Μαρκίαν

…..

τήν σύμβιων46

Маркијан …..

            На еден од спомениците пронајдени во Прилеп, кој потекнува од царскиот период, го среќаваме само името Маркијан.

  1. Уште еден споменик датиран исто како претходниот, но натписот не може да се идентификува.
Стела на Аврелиј Андроник
  1. Αύρήλιος Ανδρόνει-

κοσ ζών αύτού και γυ-

ναικός . Π … ζώσης

και παιδίον Παραμόνων

… ω και

— ζούσιν —— μνή-

μης χάριν έτών κά47

            Аврелиј Андроник живееше тој и жената. П … на животот и детето на Парамон … ох и — тие живеат —– за вечен спомен низ годините

            Овој споменик потекнува од третиот век. Покрај Аврелиј Андроник, на надгробната плоча го среќаваме и името Парамон, кое го среќаваме и на други споменици од Прилеп. Во горниот дел на стелата, во рамка, која во горниот дел е откршена, среќаваме 4 човечки фигури. Првата од левата страна е поголема човечка фигура во седечка положба, а десно од неа три помали човечки фигури, деца или божества, стојат поставени на постамент. Натписот, кој е во 7 реда се наоѓа на плочата веднаш под рамката со релјефот.

  1. Споменик на една помала пештера на Маркови Кули, која била посветена на источниот бог, Митра, уништен пред околу 100 години. На споменикот имало и натпис, но не е идентификуван.48
Митра Бикоубиец - Relief_représentant_Mithra_-_Louvre-Lens
Митра Бикоубиец – Relief_représentant_Mithra_-_Louvre-Lens
  1. ———————-
    Споменик со натпис од црквата „Св. Петар“

            τών κληρονόμων

            έκ τών ιδίων

            εαυτής49

од наследниците …….

            Во црквата „Св. Петар и Павле“ во Варош, пред самиот влез, на една од скалите се наоѓа споменик со натпис, кој е постојано изложен на оштетување при влегување или излегување од црквата. Натписот е регистриран, но не е целосно идентификуван, освен вториот дел во кој се говори за тоа дека е посветен од наследниците на извесен граѓанин на Прилеп во III век на нашата ера.

Собранието на Стибера - на натпис во Прилепец
Собранието на Стибера – на натпис во Прилепец
Надгробен споменик со шишарка – црква „Св. Петар“
  1. έτους ςξό

            Φρόντων

            Διονυσίωυ

            Στυβερραίος

            ό άντάρχων

            Διονυσίου τού ύού

            τού άγορανόμων

            τούς κείονες

            έποινσεν50  

            На крајот ќе презентираме и еден споменик, кој воспоставува врска меѓу античкиот град Прилеп и античкиот град Стибера, кој се наоѓал кај денешното село Чепигово. Тој е датиран во 119/20 година на нашата ера, а говори за извесен стиберанец со извесна служба, антархон, а споменикот е пронајден во Прилеп. Според натписот, извесен  Фронтон Стиберанец подигнал споменик во чест на својот син а, според содржината на натписот и местото на неговото наоѓање тој, веројатно, бил на служба во Прилеп. Тоа значи дека тој извесен дел од својот живот бил дел од античкиот град кој се наоѓал кај денешниот Прилеп, односно, на просторот на Варош, Заград и Маркови Кули. На натписот го среќаваме и името Дионисиј, кое е име изведено од името на античкиот бог на виното, на раѓањето и на смртта, Дионис и, ќе го изнесеме и овде фактот што традицијата за поставување лични имиња со божествено потекло била македонска, додека таквата традиција не била вообичаена за просторот јужно од Македонија.51

            На крај, ќе споменеме уште еден споменик со натпис од стариот град Прилеп, пронајден при археолошко ископување во црквата „Св. Димитрија“ во Варош, кој води потекло од античкиот период, но е секундарно употребен, па освен натписот од првите векови на новата ера, на него среќаваме натпис и од почетокот на 11 век, за кој се тврди дека бил ерменски и говори за извесен манастир, „Светите апостоли“.52 Плочата со натписот денес се чува во кругот на манастирот „Св. Архангел Михаил“, каде се наоѓа уште еден подоцнежен натпис со потекло од десетти век, односно, од 996 година и говори за извесен епископ Андреја53 и кој се смета за втор по старост со глаголско писмо, по познатиот Самоилов натпис од 993 година.

Натпис од надгробниот споменик со шишарка

            При секундарната употреба, плочата била откршена, а со тоа бил уништен и дел од натписот од античкиот период и не е идентификуван целиот натпис. Сепак, направен е обид за идентификување на дел од него и е констатирано дека, меѓу другото, се споменува и царот „Марко Елиј, а тоа би можело да биде Марко Аурелиј од времето по 138 година кога го посинил Антонин Пие, а од 161 година кога станал император и не се служел повеќе со името Елиј.“54

 

35 Исто, 100, Tabula XXVIII – 209.

36 Исто, Tabula XXVIII – 209.

37 Роберт Гревс, Грчки митови, Фамилет, Бегорад 1999, 210. Паусанија, Водич по Хелади, Логос, Сплит 1989, 351, 352.

38 Паусанија, Водич…, 351, 352.

39 Исто, 352.

40 Исто, 356.

41 Исто, 23.

42 Херодотова историја, Матица српска, Нови Сад 1988, 10 и 22.

43 Fanula Papazoglu, Milena Milin,…, 101, 102, Tabula XXVIII – 213.

44 Тренчо Димитриоски, Древна цивилизација II – Мариово, 169.

45 Fanula Papazoglu, Milena Milin,…, 101, Tabula XXVIII – 212.

46 Исто, 102.

47 Исто, 106, Tabula XXVIII – 225.

48 Тренчо Димитриоски, Древна цивилизација II – Мариово, 62 – 66.

49 Fanula Papazoglu, Milena Milin,…, 106, Tabula XXVIII – 224.

50 Исто, 135, Tabula XXVIII – 224. Фанула Папазоглу, Македонски градови у римско доба, 223.

51 Наде Проева, Студии за античките Македонци, Historia antiqva macedonica, посебни изданија, Скопје 1997, 159 – „…, а давањето божески имиња на смртници е домороден обичај кај Македонците и Фригите, што уште еднаш ја потврдува бригиската компонента кај Македонците.“

52 Владимир Мошин, Прилепско-варошкиот таинствен натпис на една античка плоча, Споменици од средновековната и поновата историја на Македонија, Институт за истражување на старословенската култура – Прилеп, Том IV, Скопје 1981, 509 – 514.

53 Тренчо Димитриоски Древна цивилизација I – археологија, митологија, преданија, Прилепско, ЦПРТВ-Прилеп, Прилеп 2000, 72, 73.

54 Владимир Мошин, Прилепско-варошкиот…, 509.