БЕЗБОЈНИ ОБРАЗИ
Небото се сруши над главите на невините жртви
Заедно со целото бреме на нечовечноста,
Натрупано со годините и вековите.
Екна плач до небесите – се устоличи ништавилото,
Паднаа лажните маски на виновниците за злосторот,
Бликна бесрамно лицемерие – лажни зборови
Потекоа како потоци по стрмни падини,
Ја испоганија љубовта во човекот и ја затемнија
Во желбата да се воздигнат до небесна светлина
И лажни солзи од недоверчиви зеници
се стркалаа по безбојни образи.