НЕКАДАРНИЦИ И БЕСРАМНИЦИ
Се откажаа… .
Се откажаа од телото и од душата,
од мајките и татковците,
од дедовците, бабите,
од прадедовците и прабабите,
од пра-пра претците,
од мртвите богови и живиот бог,
од ПРАМАЈКАТА.
Се откажаа од вистината,
од минатото и светите тајни,
од совеста, честа и достоинството.
Им се посветија на желудниците –
на полните стомаци,
на устите и задниците,
на гениталиите и самодоволството,
вулгарно се вознесоа и
испоганија, буквално сѐ,
најмногу себе си,
но и сѐ вредно на овој свет.
И ништо не ги задоволи,
па продолжија самоуверено
да се порамнат со ништавилото,
НЕКАДАРНИЦИ И БЕСРАМНИЦИ.