РАСКОПАНА ЦРКВАТА НА ОДАМНА НАПУШТЕНОТО СЕЛО ЗАПОЛЖАНИ, ПРИЛЕПСКО, ВО ЗАПОЛШКО ЗАД ШАТОРОВ КАМЕН

На неколку километри источно од Прилеп, скриена меѓу ридот Шаторов Камен и Дренска планина се наоѓа убава долина со зелени ливади и шума од дабје, лески, јасен и други видови дрвја, позната како Заполшко. Името го носи по едно предание поврзано со турскиот период, кога во долината било расположено селото Заполжани. По еден тежок настан поврзан со грабнување некоја убава девојка од страна на Турците, селото било испустено, а жителите се преселиле во денешното село Заполжани во рамнината Пелагонија, западно од Прилеп. Веројатно, токму како остаток од селото на левиот брег на реката, во централниот дел на долината, во една пространа зелена површина, забележавме остаток од градба со средна големина, целосно разроварена со извесна

Раскопаната градба на црквата
Раскопаната градба на црквата

машина и алат за работа, како резултат на нечија потрага по скриено богатство. При таквите груби активности, непознатите лица откриле делови од ѕидовите на градбата, разновиден градежен материјал од камен и керамика, како и неколку фрагменти од столбови, една база од помал столб, како и други камени блокови од градбата. Во купот земја, камен од различно потекло, малтер и сл., се среќаваат и фрагменти од помали и поголеми керамички садови, а од керамиката најголеми количества се забележуваат од тегулите. Денес на местото на градбата, се уштеможат да се забележат остатоци од ѕидот високи и до 1 м, а во внатрешниот простор на градбата вниманието посебно го привлекуваат мермерните елементи и убаво обработените камени блокови од гранит или друг вид камен.

Основата од мермерен столб од друг агол
Основата од мермерен столб од друг агол
Основата од горната страна
Основата од горната страна

Во околината можат да се забележат и други остатоци од некогашната населба, како поголеми и помали грамади од камен, фрагменти од керамички садови, фрагменти од тегули, питоси и сл. Некои поголеми камени плочи упатуваат на фактот дека освен градбата, која веројатно била стара црква, имало и гробови, кои се наоѓале на рамниот проистор околу урнатината. Трагачите, со машината влегле точно во просторот на градбата и целиот внатрешен дел го раскоипале, барајќи нешто, за кое само тие знаеле. Дали нешто извадиле и однесле не ни е познато, но таквата можност не е исклучена. Посебно е раскопан делот на олтарот, од каде ги откопале и фрагментите од поголеми мермерни столбови, при што делумно ги искршиле.