ИРОНИЈА

Долг е патот пред мене

сенки од сеништа крај него

се потресуваат, ме плашат,

ко страшливец беден

сакаат назад да ме вратат.

He знаат, реалноста

ништо не ми значи

само некој вроден инстинкт

во мене го следам,

срушените кули повторно

без лутина и омраза

мирно ги градам,

спротивно од ветрот се движам

од бурите без страв

напред кон целта што ја немам

зашто не признавам крај,

не подлегнувам на рани,

ко нечија луда шега

цел свет е во мојот поглед,

детска игра,

виулица што ќе мине,

a jac останувам, сепак,

и кога ќе отворам очи

се помалку дождовите

свежи мириси носат

нечистотии се трупаат

после бујни матици.