АНТИЧКИ ГРАД СО ТВРДИНА КАЈ СЕЛОТО ДЕБРЕШТЕ, ОПШТИНА ДОЛНЕНИ, ВО КАПИНИ И ОТПАД

АТРАКТИВЕН ОБЈЕКТ КОЈ ИМА КАПАЦИТЕТ ЗА ГОЛЕМА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА, ДЕНЕС НЕЗАБЕЛЕЖЛИВ И СТОПЕН СО ПРИРОДАТА

 

– Тврдината кај селото Дебреште, Прилепско веројатно е изградена уште во раната антика, во времето на македонските кралеви кога преку превојот Барбарас имало надоаѓање на бројни напади од север ните племиња, главно Дарданците. На истиот локалитет, траги од населување се среќаваат уште од неолитот и бронзеното време, а тврдината егзистирала и била обновена во доцната антика, како и во средниот век.

Отпадот, Дебреште и Барбарас
Отпадот, Дебреште и Барбарас

Наоѓајќи се на северниот дел на македонската држава, Пелагонија како област била изложена на постојани напади од северните делови на Балканот, посебно од двете племиња Дарданците и од Илирите. Поради тоа во раната антика кога Македонија била развиена држава морала да презема различни активности за одбрана од северните напаѓачи. Меѓу таквите зафати посебно место заземале тврдините кои се граделе за од брана одограбувачките напади, претежно, во близина на планинските превои преку кои доаѓале воинствените племиња. Еден од таквите превои се наоѓал во близина на денеш ното село Дебреште кај Прилеп.

Познато е дека Александар Македонски, уште на почетокот на доаѓањето на македонскиот престол, презел енергичен поход против северните племиња при што дошол дури до Дунав, каде ги победил и Трибалите на чело со нивниот крал Сирма.1 Со тоа тој го решил проблемот со опасноста од нападите на Македонија од страна на овие племиња.

Поголем дел од цврст ѕид
Поголем дел од цврст ѕид
Поширок амбиент кај портата
Поширок амбиент кај портата

Нападите на северните племиња, Дарданци, Илири, Трибали и др., посебно се засилиле за време на македонско–римските војни кога на македонскиот престол се наоѓал кралот Филип V.2 Поради тоа тој морал да ги зајакнува позициите на северната граница на Македонија и да гради утврдувања, кои ќе бидат упоришта за одбрана од нападите. Можеби токму во ова време се изградило (или обновило) утврдувањето чии траги и денес јасно се гледаат во близината на селото Дебреште кај Прилеп. Некои од нападите биле толку силни што племињата правеле големи пустошења низ Македонија, продирајќи длабоко во нејзината терито рија. Во 211 г. п.н.е. Дарданците и Илирите ја нападнале и ограбиле Пелагонија, а во 209 г. п.н.е. Дарданците со нападите стигнале дури до Орестида (Костурско). Од овие причини Филип V бил принуден да ги зајакнува своите утврдувања на северниот дел на кралството, посебно на северниот раб на Пелагонија каде и денес на многу места се среќаваат траги од стари утврдувања. Од старите писатели е познато дека додека тој водел војна со Римјаните, на северната граница, го оставал својот син Персеј кој подоцна, исто така, станал крал (179–168 г. п.н.е.). Не е исклучено дека тврдината кај селото Дебреште, Персеј ја користел како упориште за одбрана од нападите на племињата кои навлегувале преку превојот Барбарас кој се наоѓа во близина. Силната тврдина, која денеска се наоѓа во близина на големото село Дебреште (кое на своевиден начин претставува континуитет на населувањето во овој дел на Mакедонија, кое има праисториски корени) имала и неколку помошни утврдувања и фортификациски точки по околните врвови. Такви се Острец, калето на Барбарас и уште неколку во атарот на ова село, како и во атарите на околните села. За таква намена, особено биле користени врвовите со добра прегледност на околината, како и со погодни платоа за изградба на потребните објекти. Мрежа од слични, помали и погоелми утврдувања се среќаваат по целиот северен раб на Пелагонија.

Портата со кула - одблиску
Портата со кула – одблиску

ЛОКАЛИТЕТОТ „ГРАДИШТЕ“ („КАЛЕ“) СО ТВРДИНА И НАСЕЛБА ОД ПРАИСТОРИЈАТА

Остатоци од древната тврдина кај селото Дебреште се наоѓаат на локалитетот „Градиште“ (според археологот Иван Микулчиќ локалитетот се вика „Кале“), кој се нао ѓа на околу 1 km источно од селото, лево од патот Прилеп–Македонски Брод–Ки чево. Денес, локалитетот го обележува бујна вегетација од трева и високи дрвја, а просторот на кој се наоѓаат траги од големата населба, која веројатно имала вистински градски димензии, се наоѓаат на површина од повеќе хектари. Освен просторот на тврдината со силни ѕидишта, разновидни остатоци од материјална култура имало и на поголем простор надвор од неа. Тоа укажува на фактот дека бил населен и простор надвор од тврдината.

Портата со дел од голема градба
Портата со дел од голема градба

Локалитетот е истражуван уште од 1928 година од археологот Никола Вулиќ кога е потврдено дека во античко време овде постоела тврдина,3 а подоцна, во шеесетите години на дваесетиот век овде истражувал и Народниот музеј од Прилеп. Истражу вањата се вршени под раководство на тогашниот директор и археолог Бошко Бабиќ, а дел од нив се реализирани во соработка со Институтот за историја на материјалната култура на Полската академија на науките во Варшава (1974, 1975 година). Народниот музеј од Прилеп на овој локалитет врши истражувања во текот на 3 децении, за кои археологот Иван Микулчиќ вели дека се правени со „преголем публицитет“, „беа потро ше ни енормно големи средства за ископувања“, а „резулта тите се крајно скромни“ зашто целта на истражувањето била да се добие потврда за постоење на словенски град, а во најголем дел се констатирани наоди од доцната антика.4

За време на археолошките истражувања, покрај наодите од останатите периоди кон статирани се и наоди за постоење на праисториска населба на истото место. Имено, на овој локалитет се пронајдени предмети од бронзеното време, како и од подоцнежните праисториски периоди, односно железното време, а следат наоди и од хеленистичкото и римското време, како и од рановизантискиот и средновековниот период.5

Портата одвнатре
Портата одвнатре
Портата од север
Портата од север

Освен овие на оди на овој локалитет се пронајдени и наоди од каменото време, поточно од новото ка ме но време, (неолитот). Така, од овој локалитет потекнува една стилизирана глава од чо веч ка фигура, изработена од керамика со карактеристики за споменатиот период од праисторијата. Тоа покажува дека на локалитетот „Градиште“ кај Дебреште имало населување уште во најстарите праисториски периоди, а во подоцнежните периоди на овој локали тет била изградена тврдина од камен која често била рушена од воинствените племиња од северот на Балканскиот Полуостров, но постојано била и обновувана бидејќи била зна чај на за заштита на превојот Барбарас преку кој и денес минува пат кој води кон Маке донски Брод и продолжува за Кичево и Охрид, античкиот пат Керамие (Прилеп) – Лихнид (Охрид).6 Тоа значи дека оваа населба имала исклучително значење за Пелагонија, како и за Македонија во антиката, бидејќи била прва на удар на нападите на северните племиња со ограбувачки и завладувачки намери. Токму затоа, населбата и тврдината морале да го имаат високото внимание на македонските кралеви, кои се грижеле за безбедноста на своето кралство. Слично внимание морале да посветуваат и владетелите на овој простор од подоцнежните времиња, се од турското завладување на овој простор.

Портата со делови од кулите
Портата со делови од кулите

ЦВРСТ КАСТЕЛ ОД КАМЕН

Јужната кула со портата
Јужната кула со портата

Според археолозите, на локалитетот „Градиште“ кај селото Дебреште е изграден цврст кастел од камен со малтер, во раниот IV век на нашата ера со право аголна форма и димензии 175х157 m (околу 3 хектари).7 Ова утврдување во VI век е целосно обновено со тоа што некои делови од ѕидот претрпеле промени и биле тра сирани по нови линии, а некои од кулите биле срушени. Тогаш биле изградени и нови порти на западната и источната страна на утврдувањето, кои имале вовлечен двор и истурени кули со петтоаголна форма крај нив.8 Всушност, утврдувањето рас полага со неколку кули кои и денес можат да се видат во компактна форма. Целото утвр дување и денес претставува интересен и добро зачуван објект со забележителни димензии. Од тој аспект овој културно–историски споменик би можел да претставува вистинска туристичка атракција, но состојбата во која се наоѓа денес е очајна. Локалитетот со тврдината бил нападнат уште во 1964 година, кога во негова непосредна близина се започнати големи прекопувања на земјиштето за изградба на вештачка брана. Со овој зафат е направена тешка деструкција на просторот, посебно од јуж ната страна на тврдината, со што и самата тврдина е фрлена во сенка на големиот земјен насип. Целиот локалитет е обраснат со капини, трње и трева, а од неговата северозападна страна се наоѓа депонија која зафаќа и делови од самиот локалитет. Токму на таа страна се наоѓа големата порта со кулите, а од нејзината внатрешна страна се пронајдени остатоци од ранохристијанска црква со крипти и крстилница која била изградена во VI век.9

Источната порта си кули
Источната порта си кули
Цврстите ѕидови од портата
Цврстите ѕидови од портата

Според археолошките наоди, кастелот во VI век бил срушен од Аварите, но во подоценжниот период повторно бил обновуван бидејќи бил значаен за чување на патот и главниот влез во Пелагонија, од запад и северозапад.10 Освен споменатите наоди со истражувањата се констатирани траги од уште една црква од средновековниот период, како и некропола со гробови од XI до XIV век. Меѓу наодите кои ги споменуваат археолозите се среќаваат различни метални предмети, како и наоди на златен накит. Пронајдено е и едно депó на

сребрени монети на Михајло VII од доцниот II век.11 Кога сме кај монетите треба да се спомене и еден наод на монета од раната антика од Александар IV12 (323–310/9 г. п.н.е.) која покрај кера мика та од тој перод е уште еден доказ за присуството на населување на овој простор во периодот на македонското кралство. Од овој локалитет потекнува и една керамичка глава од фигура на античката божица на ловот Артемида Енодија13 која е датирана во римскиот период. Од римскиот период, без сигурна потврда, потекнува и еден хорологион, сончев часовник изработен од мермер од рудникот Сивец кај селото Присад, Прилепско,14како и други слични наоди, садови од керамика и сл.15

Јужната кула на портата
Јужната кула на портата
Во јужната просторија до портата
Во јужната просторија до портата

КОЕ БИЛО ИМЕТО НА СТАРИОТ ГРАД КАЈ СЕЛОТО ДЕБРЕШТЕ

Не е познато античкото име на градот кај селото Дебреште, општина Долнени. Извесни имиња на градови од средновековниот период асоцираат на денешното име на селото Дебреште. Постоењето на овие градови е поткрепено со историски податоци, односно податоци за историски збиднувања поврзани со нив. Од Јован Кантакузин ни е познато дека при еден воен поход на византискиот император Андроник III во Пелагонија тој најпрво го освоил градот Бучин (кај денешното село Бучин на Црна Река), а потоа сами му се предале градовите Деврица, Добрун и Кабаларион.16 Ако знаеме дека денешите села Бучин и Дебреште се наоѓаат на иста страна на Пелагонија, оправдана е претпоставката дека градот Деврица, кој му се предал на Андроник III во 1330 година, се наоѓал кај селото Дебреште и, секако, на локалитетот „Градиште“ („Кале“) на кој се среќаваат остатоци од моќна тврдина. За историчарот Томо Томоски е сигурно дека на локалитетот „Кале“ кај селото Дебреште се наоѓал градот Деврет.17 Сличен е ставот и на археологот Иван Микулчиќ, кој кај Дебреште ја сместува средновековната населба Деурети, што е само поинаква интерпретација од Деврет. Според Микулчиќ Deuritsa (Деврица) е денешната Дебарца кај Охрид, а не Дебреште во Пелагонија.

Просторија кај портата
Просторија кај портата
Фрагмент од ѕид со камен и цигли
Фрагмент од ѕид со камен и цигли

На крајот, не можеме да не забележиме дека имињата Деврет, Деврица, па дури и денешното Дебреште имаат силна асоцијација на античката област Девриоп и античкиот етникум Давриопи – име на македонско племе и македонска област од горниот тек на античкиот Еригон (Црна Река), во која влегувале и трите антички градови Стибера, Алкомена и Бријанион чии локации се веќе познати за науката.

Денес, овој локалитет е, речиси, блокиран и недостапен и постојано изложен на разновидни деструктивни манипулации. Бујната природна вегетација, како и стопанисувањето со околните површини го прават овој исклучителен културен споменик, од кого се зачувани цели партии од ѕидови, како од тврдината, така и од градбите кои се наоѓале во неа, речиси, незабележлив. Всушност, доколку не знаете дека тука има остатоци од населба со капацитет на град во антиката, ќе поминете во негова близина без што било да забележите. Значи несоодветниот однос довел до ситуација стариот град да “се скрие“ пред очите, не само на пошироката туку, помалку или повеќе, и на потесната научна и стручна јавност.

Во јужната просторија до портата
Во јужната просторија до портата
Убаво обработен надвратник
Убаво обработен надвратник

Сето ова, не потсетува на нашата немоќ, како институции и држава, можеби и недоволна концентрација на заштитата и афримацијата на вистинските вредности и капацитети, кои можат да бидат основа за иден развој на областа. Наша надеж е дека во иднина тоа, сепак, ќе се движи по нагорна линија. Мораме да забележиме и тоа, дека за ваквите културни споменици од минатото, потребна е и вистинска едукација на населението кое живее во нивната поблиска и подалечна околина, зашто со тоа ќе се усогласи и објективизира и нивниот однос кон нив, особено што тие се потенцијал за развој, токму на просторот во кој денес егзистираат.

Од археолошкиот материјал:

1 Плутарх, Александар Македонски, Славните ликови на антиката, 113.

2 Полибиј, Истории. Прилеп и прилепско низ историјата…..

3 Бошко Бабиќ, Витолд Хензел и Јадвига Раухутова, Археолошки истражувања на локалитетот Градиште кај село Дебреште,

МАА, Скопје, 251.

4 Иван Микулчиќ, Средниовековни градови и тврдини во Македонија, 257–258.

5 Археолошка карта на Република Македонија, 300. Иван Микулчиќ, Средновековни градови…, 255. Бошко Бабиќ, Витолд Хензел, Јадвига Раухутова, Археолошки истражувања….

6 Иван Микулчиќ, Средновековни градови и тврдини во Македонија, 255.

7 Исто. Бошко Бабиќ, Витолд Хензел, Јадвига Раухутова, Археолошки истражувања…251.

8 Исто.

9 Исто. Виктор Лилчиќ, Винета Илјоска, Каталог на ранохристијанските цркви во Репуб лика Македо нија, Македонско наследство, Скопје, 26.

10 Иван Микулчиќ, Средновековни тврдини…, Б. Бабиќ, В. Хензел, Ј. Раухутова, Истражувања…

11 Исто.

12 Костадин Кепески, Монети на македонските кралеви во збирката на прилепскиот музеј, МАА 7–8, 42 и 46

13 Вера Битракова–Грозданова, Споменици од хеленистичкиот период во СР Маке донија, Скопје 1987, Т. XI.

14 Костадин Кепески, Хорологион од Дебреште, МАА 6, 69–73.15 Вера Битракова–Грозданова, Споменици… Виктор Лилчиќ, Македонскиот камен за боговите, хрис тијаните и за живот по животот, том I, Македонска цивилизација, Скопје 2001, 395, 396.

15 Вера Битракова–Грозданова, Споменици… Виктор Лилчиќ, Македонскиот камен за боговите, хрис тијаните и за живот по животот, том I, Македонска цивилизација, Скопје 2001, 395, 396. Oд овој локалитет потекнуваат и поголем број мермерниспоменици меѓи кои со натписи.

16 Томо Томоски, Средновековни градови и тврдини во Македонија, Македонска академија на науките и уметностите, Скопје 1996, 61.17 Томо Томоски, Нацрт карта на некои средновековни градови во Македонија, Македонско наследство 6, Скопје 1999, 18.

17 Томо Томоски, Нацрт карта на некои средновековни градови во Македонија, Македонско наследство 6, Скопје 1999, 18.

Дебресште со Врвот Острец
Дебресште со Врвот Острец