ДОАЃА ДЕНОТ
(Од необјавената поетска збирка „Кучешко време“ – прв дел, „Во канџите на стравот“)
Тајни светови и далечни
одамна пепел претворени
оживуваат со грозен крик,
доаѓа денот на мртвите,
судниот ден – воскреснување,
истрпнуваат грешни души,
господари на видливото,
од закана на моќна сила,
ширум ги отвора пеколот
темните и грамадни порти,
недоветно трепери мигот,
во смртна боја на судбина,
стравот се прикрива во јанза,
Гревот е господар на векот.
Доаѓа ДЕНОТ на мртвите
со злокобен ѕвек од копита
од темно грло Тартарово
возбудено бие срцето
на себудниот универзум.