ЧОВЕК ЧЕЛО–ВЕК

(Од книгата, „Народни умотворби од Пелагонија и Мариово“

Автор: Томе Велјаноски

Подготвил: Тренчо Димитриоски)

Кога Господ ‘е створил земјата ‘е наружал со разен животински и растителен свет и на секоје животинче и растение му дал име и век на живеење, а на човеко му дал век на живеење до девет века и го назначил како бестрашен и најсилен над сиот животински свет на земјата, да упра­вува со сета земја и затова го добил името човек – человек, и го задржал да живее во рајската градина. Адам и Ева, првите Господови луѓе, ги пре­лажила змијата Красва, каснале од јабокото и му паднала косата од по телото. Господ на змијата Красва за стореното дело над Адам и Ева ‘е проколнал, ‘е удрил со кавало и рекол:

       – Те прекршувам од денес живото да го живееш, ти и твоето потом­ство, со влечкање по земи, да бидиш омразена од човеко и каде да те најди човеко главата со камен да ти толчи, на шипје, трње и капиње да те фрла, така телото да ти се распаѓа и гробнина да нема!

       Госпо на Адам и Ева му пресудил, ги избркал од рајската градина надвор, сами да се грижат и снавоѓ1т за својот живот. Избрканите од рајската градина Адам и Ева живото го живееле низ прашумите голи, боси, огладнети, без свој вртал, место за живеење. Оделе голи, боси, носеле на себе заштита од страмо и невреме лисје од дрвата и треви. За ваквиот нивни тежок живот на Госпо му се нажалило. Еден ден Госпо ги повикал Адам и Ева и му рекол:

       – Грево што го сторите со јабокото, сега сте надвор од рајската градина. Ве гледам како се мачите со живото, се смилувам према вас и сакам да ви помогнам живото да го подобрите надвор од рајската гра­дина. Поради ти, Ева, си зачната ќе направиме една куќа, ќе ви подарам две кози, машка и женска, и две овци – машка и женска, за да имате млеко за вас и вашата рожба што ‘е очекувате кога ќе дојди на свет. Вие од мене ќе бидете благословени да имате секоје летенце по едно детенце за да ‘е полните земјата со народ, ваш пород. Козите и овците ќе ги стри­жите, со моја поука ќе правите облека за вас и вашата рожба, заштита од студ. Козите и овците ќе се размножуват, ќе ги чувате и затворате дома да ги заштитувате од нападо од гладнио ѓаволски волк. Месото од кози­те и овците нема да го јадите, кога ќе умир1т од нивната старост ќе ги закопувате во земјата, поради од земја се направени, пак земја да станат. Ако направите грешка према нив ќе бидите казнети полошо – му рекол Госпо на Адам и Ева.

       Ева го прашала Госпо колку време ќе ‘е носи рожбата во незината утроба, а Госпо одговорил:

       – Вашиот живот е девет века. Девет месеци се работи во годината за да се преживеат трите зимски месеци, а ти ќе ‘е носиш во тебе твојата рожба девет месеци!

       Кога дошол дено, се родила рожбата на Ева и Адам, отишол Гос­под да го благослови новороденчето. Госпо го кренал новороденото дете в раце, го крстил, му дал име Каин, роден прв човек на земјата од мајчина утроба. Господ го благословил малио Каин кога ќе порасни по занимање да биди земјоделец и ѝ го вратил в раце на Ева детето со фрлање. Ева детето го пречекала в раце за да не падни на земи, за да не се повреди. Господ ѝ рекол:

       – Е, Ево, за Адам не ти беше жал и грев да го излажиш да касни од јабокото, а за детето ти е жал, го пречека в раце да не се опакости, а требаше да го оставиш да падни на земи, на нози, за да биди благос­ло­вено одма да прооди. Ти направи грев, те проколнувам девет месеци в улуг, в раце да го носиш додека не прооди и в раце да ти се погани!

       До годината од раѓањето на Каин, на Ева и Адам му се родила и втора рожба, машко, со божи благослов, го добило името Авел што значело втора рожба родена на земјата од мајчина утроба. Госпо Авел го благословил кога ќе порасти по занимање да биди сточар. И така, по ред, Адам и Ева, за деветстотини години од нивниот живот и за стодвадесет плодни години за раѓање, родиле деведесет деца, половината женски, по­ловината машки, четириесетипет чифта. На сите Евини и Адамови деца Госпо ги благословил со долг вековен живот како и нивните родители. И сите ги благословил со занаети тогаш што постоеле. Најлошиот занает бил ковачкиот, но Госпо ги благословил да нивната боја да остани за век и векови, за да се препознав1т. И ден–денес сите црни луѓе, денес на некој начин, по мајка или татко, се од лозата на тогашниот ковач. Меѓу овие деведесет Евини и Адамови деца биле раѓани единки и близначина, двојки, тројки и тн. Така тогаш дал Госпо благослов и денес сите деца родени повеќе од едно се потомство на Евините деца близначина.

       И така, Адам и Ева, по совет на Госпо, почнале да работат, да си собир1 овошје – зимница, храна, сено за козите и овците. Козите и овци­те почнале да ги молзат за млеко, да ги стрижат, од волната си правеле топла облека. Адам и Ева работеќи да собират покуќнина, понекогаш преморени од преголема работа, заспивале и касно станувале за на рабо­та. Господ видел во што е работата што касно станув1т за на работа, нем1 будач и мерач на времето, па затова, Господ, на Адам и Ева му доне­сол една кокошка и петел и му рекол:

       – Овие две живини се машко и женско, се вик1 кокошка и петел. Овие две живини ќе ги чувате, ќе се множат со несење јајца на кокош­ката! ќе ви шет1 преку дено во двор, да го чистат дворо од разните штетни паразити што ги пушта ѓаволо, по дрвата како гасеници, по животните како крлежи, по живината тавтабици, болви, вошки и други паразити. Петело го благословив со неговото пеење да биди мерач на времето, да ве буди за на работа. Преку ноќта петело’ ќе запее трипати! Првиот пат ќе запее штом ќе прекрши половина ноќ, кога ѓаволите се прибир1т дома и нема страв да мисли човек да му се деси нешто лошо, втор пат петело ќе запее во половината од прекршената ноќ, за да го нараните добитокот, а пак третио пат петело ќе запее во зората, утрото, за да ве пробудува, да стан’вате за на работа. Кога петело ќе запее преку дено тогаш е знак за добра вест. Ако петело запее пред на завод на сонцето е знак на промена на времето. Ако е времето добро ќе настапи полошо климатско време. Ако, пак, петело запее во самото завоѓање тогаш е знак за некоја лоша трагедија, лоша вест. Јајца од овие живини можите да јадите додека не се заквачени. Месото нема да му го јадите, кога ќе умир1 ќе ги закопувате во земјата, од земја се направени и, пак, земја да станат!

       Откако Адам и Ева ги зеле кокошките и петело, почнале да стан­в1т за на работа кога петело по третпат ќе запеел во зората. Живото почнале да си го подредув1т. Му се изродиле повеќе деца, освен Каин и Авел. Требало повеќе да работат, собирање овошни плодови за нив, сено за стоката, се осеќале доста измачени од работата. Госпо ‘е слушнал нивната поплака и се одлучил да му поможи, поолесни рабо­та­та, му донесол две ослина – магарина, женско и машко и му рекол:

       – Овие две ослина ќе ви служат за олеснување на вашата работа! Од волната од козите и овците ќе направите дисаѓи! ќе му ги префрлите преку грбот и ќе си ги преносите собраните овошни плодови за вас и сено­то за козите и овците! Ослината (магарината) ќе се множат, нивното млеко и месо нема да го јадете! Живото ќе му завршува дома, при вас, ќе ги погребувате во земјата, од земја се направени, и пак земја да бидат!

       Со многубројните родени деца и со множењето на бројо на козите и овците Адам и Ева, не можеќи да приберат доволно храна, имале отеж­нат живот. Госпо го слушал разговоро на Адам и Ева за нивниот тежок живот и сакал да му помогни, поолесни живото. Дошол кај Адам Госпо и донесол една торба жито и му рекол:

       – Адаме, земи го ова жито да го посееш во земјата за да ви се стори жито за прехрана на вашите деца, за добиците, а додека сламата ќе си ‘е чуваш и храниш стоката во зимно време, кога надвор има снег!

       Така, Адам и Ева ‘е прифатиле Господовата понуда, го зеле жито­то, одредената површина ‘е изорале, надраскале, на примитивен начин, жито­то го посеале. Кога дошло време житото да се ожнија ги береле само клас­то­вите. Господ видел да работат погрешно, со негова помош, направиле дрвени српови и почнале да жнијат долу во корено, ракатка, по ракатка, правеле полози и полозите ги врзувале во снопови, а снопо­вите ги това­ра­ле на магарината, ги носеле дома, му го чукале житото. Од житото стол­чи­ле, направиле брашно. Со поука од Госпо го опечиле ле­бо. Лебо, топол, пресен, свеж, имал многу убав вкус, сладина и миризба. Бил посладок од дотогашната овошна храна. Од тој ден лебо му бил главна храна, заедно со млекото од козите и овците, на фамилијата на Адам и Ева, а додека дотогашната овошна храна ‘е имале како допол­ни­телна храна.

       Орањето на земјата претставувала тешка работа. Не можеле да изор1т колку што му требало за да посејат жито за луѓето и слама за добиците. Нивната поплака Госпо ‘е слушал. Господ на Адам и Ева му донесол две млади добичина, женско и машко, му дал име крава и јунче и му рекол:

       – Адаме, Ево, со овие добици ќе ‘е орате земјата! ќе направите јарем и рало!

       Со помош на Госпо направиле јарем и плуг, ги спрегнале добиците и ‘е изорале земјата што му требала за сеење. Госпо ги благословил, спитомил, добиците и му рекол на Адам и Ева:

       – Со нив ќе си ‘е гледате и храните сета куќа и стоката! Кравата ќе ви дава младенчина, телина, и ќе ви дава многу млеко за во куќната пот­ре­ба, таа ќе му биди втора мајка на малите деца за млеко. ќе ‘е сакате како што го сакате севишниот бог! Кога ќе умир1 од своја старос ќе ги закопувате во земјата! Месото нема да го јадите!

       Од тогашното почитување према кравата денес останува уште во Индија, кој кравата ‘е им1т како света божица и ден–денес.

       Адам и Ева сеаниата со кравата и јунчето ‘е ожнале и преносиле дома за вршење, ама према зборот на Госпо кравата требало да се почи­тува. Со незе орање, возење на снопјето, сега и вршење, ги стравело да не погрешат пред бога. Овој нивни разговор Госпо го слушнал и се поза­мис­лил, можи се во право со нивната мисла. Тогаш Госпо му донесол четири нови добици, два коња, женско и машко, и две маски, женско и машко.

       – Адаме и Ево – рекол Госпо – доста работеја кравата и јунчето, нека одморат! Овие две добици, коњи и двете маски ви ги подарувам да го овршите житото со нив, нека ги заменат кравата и јунчето, побрзи се за вршење и одморени се, единаесет месеци ќе одмор1, еден месец ќе работат за да јадат во зимата. Маските и коњите ќе ви служат за това­рање. Млекото и месото нема да му го јадите, кога ќе умрат од своја смрт ќе ги закопате во земјата. Од земја се и, пак, земја ќе бидат. Исто така и нивните потомства ќе живеат со вас, ќе работат за да јадат – рекол Госпо.

       Маската била плодна сè до проколнувањето од страна на севиш­ни­от бог – Госпо. Кога се родил Исус Христос бил баран од римските власти да го поништат. Во една таква незгодна прилика мајка му Марија малио Исус го скрила во јаслите, во сламата каде што јаделе добиците, во пон­ди­лата. Сите добици го покривале Исус со слама, додека маската го от­скривала. Тогаш Госпо се налутил на маската и ‘е проколнал, ѝ рекол:

       – штира да бидиш, потомство да немаш! Изгледо твој на маска да ти се продолжи преку мајка кобила и татко магаре машко (прлјак)!

       Затова кога е’ прашале маската “Кој ти е татко?”, таа одговорила:

       – Коњо ми е вујко.

       Таткото не го кажала од страм, дека е мал и било страм.

       Додека Адам и Ева го вршеле житото во гумното долетале повеќе видови птици. Некој дошле од шумата, како мисирките, гуските, гула­би­те, а додека некој од ближните води – пајките и почнале да шет1т во гум­ното, наоколу вравот, и да колв1т од овршеното жито. Господ му рекол на Адам и Ева:

       – Овие птици што шет1 во вашето гумно и собир1т зрна жито од сега ќе живеат кај вас, ќе се размножув1т со јајца, дворо ќе ви биди по­бо­гат и повесел! Од птиците можите да јадите јајца додека не се заква­чени! Кога ќе умрат од својата старос ќе ги закопувате во земјата, од земја се и, пак, земја ќе бидат!

       Госпо рекол:

       – Ги праќам да живеат со вас поради не се способни да се бранат од грабливите ѕверови.

       Адам и Ева собираќи го вршеното жито во гумното, низ житото забележале ситни црни брболашки, дотогаш невидени. Мислеќи да се од новодоселените животни што шет1 во гумното и направиле поплака до Госпо.

       – Господе, вие нас нè благословите ако нѝ падни лебо од раце на земи треба трипати да го бакниме после да го јадиме, а нашите нови до­маш­ни пријатели во житото се поганат и затова со нив не сакаме заедно да живееме.

       Дошол Госпо, ги видел брболашките и му рекол:

       – Това се брболашки од пакозниот ѓаволски глушец, кој се доселил во вашата куќа, кој се фали, “ако човеко месото не ми го јади, ќе ми го јади лајното”.

       Тогаш Господ на Адам и Ева му донесол две мали мачина, машко и женско и му рекол:

       – Овие две животинчина се вик1 мачина, ви ги подарувам да бидат стражари во вашата куќа, дење и ноќе, каде да го најдат и фатат па­кос­нио, ѓаволски глушец, со сè кожа и коски да го јадат! ќе ви бидат домашни животни, ќе се множат со пород, храна ќе добив1т од вие што јадите! Млекото и месото не се јади, ќе ги закопувате во земјата, од земја се створени, пак, земја ќе бидат!  11

       11 Поопширно за мачката во приказната “Пченицата од Госпо’, каколо’ од ѓаволо’“, бр. 15

       Госпо стално бил во непостредна близина со Адам и Ева, го прател нивниот развиток на домаќинлако, му поможувал сè што му било по­треб­но. Забележал да во дворо има некоја потреба да ги расчисти пад­на­тите јабока, то’ ти истурена цвика од сирењето, дворо ѝ го дава лико на куќата. Каков дворо – таков и домаќинлако, вели народната поговорка. За ваквата потреба на дворо Госпо се одлучил и на Адам и Ева му доне­сол две мали прасина, женско и машко, и му рекол:

       – Овија животни се вик1 прасиња, кога ќе порастат се вик1 свиње, се женско и машко, ви ги поклонувам да живеат во вашето место, со вас, ќе ви служат да ви ‘е јадат отпадната храна, цвиката од сирењето ќе ‘е пи­јат, ќе јадат попаднати овошја во градината, ќе ви го и’чистат и зали­чат дворо, ќе се размножув1т! Вие нема да му го јадите ни месото, нити мле­кото. Кога ќе умрат од нивна старос ќе ги закопате во земјата, од зем­ја се направени и, пак, земја ќе бидат! – му рекол Госпо на Адам и Ева.

       Еден ден излегол и прошетал Госпо низ полето да ги види Ада­мо­вите синови, овчарите и говедарите. Поминал прво кај говедаро, кој бил толку убаво расположен од неговото занимање, поради било времето топло, пролетно, говедата собрани во куп, булук, се крдареле, а тој седел на сребрена столица оптегнат и рацете ставени позади, на тило. Госпо, преправен во питач, дошол до говедаро и го поздравил со “Добарден”. Говедаро му одговорил како со мрза, слабо внимание. Госпо го прашал:

       – Говедаре, каде има вода?

       Говедаро му одговорил со ногата испружена:

       – Е, онаму има вода дедо – та кога отпетлал едно силно испрдување …

       Госпо го замолил, поради е стар, да појди говедаро вода да му залее, а гојдаро му одговорил:

       – Сакам да преспијам додека говедата лежат.

       – Добро – рекол Госпо – сам ќе си залеам.

       штотуку позаминал Госпо, кога му го пуштил штрколо на гове­дата, се разбегале говедата и говедаро ‘е оставил сребрената столица, се загнал да ги собира раштрклавените говеда. 22

22За ова приказна повеќе во наслово “Говедаро со сребрената столица”. бр. 4

       Откако Госпо го напуштил говедаро си го зел бардето в рака и отишол кај овчарчето, кое ги пасело овците во близината до говедаро. Госпо, преправен стар човек, сиромашен како питач, го поздравил ов­чар­чето со “Добарден”. Овчарчето му одговорило:

       – Дал ти бог добро, дедо!

       Господ рекол:

       – Дете, по пато додека дојдам до тебе, од кај гојдаро, стретнав многу овци ти умреле, што болес ги јади?

       Овчарчето му одговорило:

       – Не е болес дедо, него волко, бесо да го фати, како што му е дар­босано, секој ден доваѓа, си зема по една овца, и това ги одбира најубаво (бендеме), не може да ги дојадува, друга живина нема да ги јади и така стојат недојадени на топлото време. Местото се смрде, а и човек да пог­ле­да местото изгледа грозно, неубаво. Госпо му потврдил на овчарчето:

       – Навистина местото мириса од удавените овци, а и изгледо на мес­тото го губи лико – амбиенто. Дете, да ве прашам нешто – продолжил Госпо во разговоро со овчарчето.

       – Повелете дедо! – одговорило овчарчето.

       – На дедо му се пија вода. Дали има некаде, овде, во близината некоје изворче со вода?

       – Има дедо – одговорило овчарчето и покажало со рака према изворо каде што бил.

       – Дали можиш на дедо во бардево да му залееш?

       – Дедо – рекло овчарчето – гледам да си стар, немошен човек, можам вода да ти залејам од изворо само имам две важни работи што не ме пушт1 да ви поможам, вода да ви залејам. Едната работа, гледате и сами да овците се штрклават, не можам да ги соберам, а втора работа е што редо му е на волко овца да си земи, без мене ме страв да не ми укра­ди повеќе, немам многу верба во него, тој е створен од ѓаволо.

       – Дете, послушај го ти дедо! Оди наполни го бардето со вода, дедо овците ќе ги собира од штрколо и ако волко дојди не му давам овца да земи додека ти не се вратиш назат со водата барде овде кај овците. Овчар­чето го послушало старио дедо, му го зело бардето и со трчање отиш­ло, го залеало бардето со вода и се вратило кај овците и дедото. Овчарчето гледа, овците се скрдарени, лежат под капата на старио дедо, а додека дошол волко кај овците, ама седи понастрана од овците, го чека овчарчето. штотуку се вратило овчарчето, волко се истрчал и ‘е ватил најубавата овца. Тогаш старио дедо му рекол:

       – Волку, до вчера си земаше овца која ти се бендисуваше, сега ќе ‘е земиш јас што ќе ти ‘е одредам! – и покажал старио дедо со прсто на едно доодено, слабо и издраскано шилеже.

       Се налутил волко, не го сака дрсливото шилеже, сака тој да си избере убава овца. Старио дедо упорен, му вели на волко:

       – ќе ги наредиме во ред овците, која ќе биди последна таа ќе ‘е земиш!

       Ги наредиле во ред, последно останало дрсливото шилеже. Волко го неќи. Тогаш дедото рекол:

       – Пак ќе ги наредиме во ред, која ќе биди во редо прва овца таа ќе ‘е земиш!

       Овците ги наредиле во ред, прво излегло дрсливото шилеже. Волко него го неќи, се загнал, ‘е ватил најубавата овца. Тогаш Госпо се налу­тил, го извадил кавало и мавнал на волко по грбо, го прекршил и зел два камења од земи, ги врлил по волко, станале женско и машко куче, го потерале волко. Волко прснал лут и рекол:

       – Одсега, наваму, кога ќе ги најдам овците, прво ќе ги опакостам сите после ќе јадам.

       – Дете – Господ на овчарчето му рекол – овие ќе се вик1 кучина, се женско и машко, ќе си ги носиш со овците да го гонат волко, да си ги раниш, ќе ти се множат, месото и млекото не му се јади, кога ќе умир1 од старос ќе ги закопувате во земјата, од земја и камен се, пак, земја ќе бидат! На волко повеќе овца да не му даваш, ако те укради ќе јади, ако не гладен нека биди!

       Затова, денес ако најди овци сами, во тена, прво игра со нив, ќе ги дави, после ќе јади. Лут е од тогаш што не му дале тој шо сакал и е дебел во врато, е натечен од кавало од Госпо, кога го удрил. За да ‘е одстрани смрдејата и удавените овци Госпо ги створил орлите мршари да ги изедат удавените овчки мрши. 33

         33 Поопширно во приказната бр. 4

       Адам и Ева створиле голема породица, спечалиле голем имот, зем­јо­делије и сточарство, со благослов и помош на самиот бог – Госпо и нив­ните деца. Меѓутова, децата пораснале, требало да си најдат брачни паро­ви, да се оженат и омажат.

       Еднаш Госпо сонцето го затемнил, (колку време?) останала да све­ти само месечината. Децата од Адам и Ева не познаваќи се доволно на светлото од месечината, почнале да се сак1т, да се заљубув1т машко со женско и сите така се ожениле и омажиле помеѓу себе, направиле чети­риесетипет брачни парови. Кога почнале да се раѓ1т деца од овие парови многу се родиле алипни, со разни телесни грешки – мани поради сродни по крвта.

       Госпо грешката што ‘е направил со затемнувањето на сонцето и од­ре­­дил биолошки закон родството да се држи до седум појаси – поко­ле­ни­ја, додека не се измеша сродната крв од родството. Ова Господова греш­ка ‘е сокриле – премолчиле и библијата и црквата. Од страв од Госпо или од страм од народо. Останало неразјаснето од каде нашле децата на Адам и Ева брачни парови ако Адам и Ева се смет1 за први луѓе на зем­јата.

       Од тој, тогашен, догаѓај останало како благослов од Госпо до ден–де­­нес сите луѓе на земјава родени со некој телесен недостаток се потомци на тогашните родени внуци на Адам и Ева. Така тогаш Госпо благословил. И по женењето и мажењето децата на Адам и Ева про­дол­жиле да живеат во заедница. Адам и Ева, со благослово од Госпо, го назначиле за одговорен за замјоделието првото нивно родено дете Каин, а додека второто родено дете, Авел, со благослово од Госпо, го назна­чиле за одговорен на сточарството. Синовите на Адам и Ева, Каин и Авел, ‘е продолжиле традицијата на своите родители да му носат пода­ро­ци од своите производи на Госпо и това на крајо од годината кога ќе се собереле производите. Каин земјоделски производи, а Авел сточни про­из­води. Еден ден Каин на Госпо му донесол поклон од земјоделските про­изводи. Госпо го примил. Во исто време го сторил и брат му Авел, на Госпо му донесол подароци од стоката. Госпо на даровите од Авел пог­лед­нал помислосливо. На това забележал Каин, се навредил и смислил за това да му се освети на својот брат Авел.

       Еден ден браќата Авел и Каин излегле на прошетка во полето и во разговоро дошло до расправија за правината и кривината, која е подобра. Каин рекол:

          – Брате, секој ќе си запалиме по еден оган, чии чад ќе оди нагоре, право во небото, тој е праведен. На тој што чадо ќе му оди нас­тра­на, тој е грешен.

       Авел се согласил и секој си запалил оган. Чадо од огно на Каин одел разречен, настрана, а додека чадо од огно на Авел одел згуснат пра­во пругоре во небото. Каин, за това што чадо на Авел одел право наго­ре, го обвинил брато Авел да Госпо е на негова страна, му поможува неговиот чад да оди право нагоре. Се разлутил Каин и му рекол:

       – Видов со подароците, твоите подароци и Госпо ги прими поми­лоз­ливо од моите – се нафрлил на брата си Авел и го убил.

       Кога си дошол Каин сам дома Госпо го прашал:

       – Каине, каде брат ти Авел?

       Каин одговорил:

       – Зар јас сум чувар на брат ми?

       – Знам – му рекол Госпо – ти го уби својо брат.

       Госпо пресудил и рекол:

       – Каине, ти со твојата алчна душа, како душата ќе ти се успокој, таа ќе оди во пеколо – кај ѓаволо.

       Каиновата душа била првата што отишла во пеколо. Продолжил Госпо:

       – Твоето потомство, Каине, ќе биди анатемисано, проколнето за век и векови, со земја да се борат, починка да нем1, ни дење, ниту ноќе, немиени да одмор1 – спиј1!

       Од това Господово проколнување сите земјоделци на земјата, како потомци на Каин, живеат под исти услови, уморени, немиени. Госпо те­ло­то на убиенио Авел го благословил со това што неговата праведна душа ќе оди во рајо, а додека неговото потомство го благословил за век и векови да бидат сточари. Секогаш во нивниот живот да бидат весели, стреќни и богати, одморени, измиени и наспани. Затова одсекогаш сто­ча­рите биле побогати од земјоделците. Госпо дал таков благослов.

       По убиството на Авел од неговиот брат Каин, сите парови, нивните браќа и сестри, се разделиле. Секој пар си фатил занает како што биле тогашните занаети, ковачи, ѕидари, дрводелци, овчари, земјоделци, риба­ри и со това живееле. Ковачите се поплакале пред Госпо да многу се вал­кани од нивниот занает. Затова, пак, Госпо ги благословил према занаето да си бидат црни за век и векови. Сите деца на Адам и Ева, сега брачни парови, имале, со благослов на Госпо и имиња, но откако се раз­делиле, се разотишле на разни страни, не оставиле некој посебен белег за нив и нивните имиња се заборавиле. Останале само имињата на Каин и Авел, кои се запамтени по расправијата меѓу нив и убиството на Авел од Каина. И по разделувањето потомците ‘е продолжиле традицијата на Адам и Ева, домашните животни да ги користат за работа и млекото и да ги закопув1т кога ќе умрат. Сè додека не се појавила парата.

       Откако се појавила парата водечката улога со парата ‘е презел ѓа­во­ло – Сатаната. Почнало со пари да се пазари, се појавила корупцијата, проституцијата, војните, лагите, продавање и купување робје, црнио па­зар и тн. Народо карактеро го изменил, со парата се сатанизирал. Оста­рените животни и болни, што умирале, почнале да не ги закопув1т, него нивното месо да го продав1т и јадат. Госпо видел со таквиот однос кај народо и нагло зголемување на наталитето, земјата ќе е изгуби издрж­ли­воста и ќе падни под дното на водата, ќе биди уништен сио свет на земјата. Затова Госпо одлучил, му го скратил деветвековното живеење на човеко до еден век и плодноста му ‘е скратил од стодвадесет до педе­сет години на плоднос. И со таквата Господова одлука, намалување ро­ко на времето на живеење кај народо, ништо не се изменило, само се вло­шило. Заради да се задржи богаството почнале да се зем1т брат со сестра и поново почнало повеќето од родените деца да бидат со телесни недостатоци, поради биле слични со крвта. Лошиот карактер што го при­мил народо не останала праведна душа за во рајо, народо се сатани­зи­рал. Прошетал Госпо по земјата и го нашол само Нојо со неговата фа­ми­лија најправилен. Госпо го натерал Нојо да го поправи неговиот кораб за да се спаси со сите животини што Госпо ќе ги определи, а за останатио свет ќе прави потоп со вода за да ‘е спаси земјата од човековата сатанос.

       Кога бил готов корабо на Нојо, свирнал Госпо, дошле во корабо од сите животни на земјата по две, машко и женско, и заедно со Нојо се пикнале во корабо и почнало да врни. Летнал корабо над водата, над планините. Останатиот свет бил поништен од потопо со водата. Госпо го створил Адам за да управува со земјата, да биди на чело, ама бил преварен уште со мешањето со ѓаволската крв преку Ева. Самиот Госпо рекол:

– Грешив што го створив човеко, сега е касно.Приказнава е имав слушано дома, но исто така, на Божик во присуство на попо Смилевски Ванѓел од с. Добрушево во марулскиот црковен трем. Попо Ванѓел Сми­левски доаѓаше во Марул на вторио ден на Божик, немаше луѓе за причесна и сам ја пиеше причесната – виното и ја јадеше наората, па кога ќе се поднапиеше, почнуваше долга расправија околу огништето во тремо од црквата. Другите подзагреани од топ­лата ракија, со земјените крондири в раце на повеќемина марулчани, како дедо Ристе, татко ми Ванѓел, Илија Круша, Танески Трајан, Јован, Крсте и Димко, Дамјаноски Ристе, Котески Илија и Божин, Јованоски Јован и Димитрија, Павлески Ванчо, Игне, Јованче и Трајан, Колески Стојко, Бошески Коле, Бабјаците Петрески Ванѓел и Петре, стрико ми Велјаноски Благоја, Најдоски Живко, Котески Тоде, Јованче Мурџески, кој знаеа да се задржат за вакви историски приказни во тремо на марулската црква и до време за ручек. Беше повторувана приказнава повеќе пати.