СЕКОЈДНЕВИЕ
(Од необјавената поетска збирка „Кучешко време“ – осми дел „Освестување“)
Светот се движи,
светот се врти,
се движиме сите,
се вртиме во круг.
Се движат живи јавно,
се движат мртви невидливо,
се движат реално
и во сон,
чисто и блудно,
се движат лицемери,
вообразени профитери,
добри и зли,
уки и неуки,
криминалци и чесни,
смирени и бесни,
вистинољупци и измамници,
измешано – сè во едно,
околу нас – во круг,
комплексно и стресно,
вообичаено несвесно,
се губиме во масата
контролирана од моќ,
црни, бели и жолти,
независно од расата.