ПРЕДАВАЊА СО ВИДЕО-ПРЕЗЕНТАЦИЈА 2016
Културниот истражувачко-документациски центар за Мариово „КАЛЕШ АНЃА“ веќе неколку години работи на проектот „Запознавање со културата и историјата на Пелагонија и Мариово“ преку растурање на соодветна литература, организирање предавања со видео-презентации, изложби и слични манифестации.
Во програмата за 2016 година се реализирани десетина предавања со видео-презентации за потеклото, културата и историјата на десетина села, заедно со нивниот атар, од областите Пелагонија, Мариово и Прекурид. Предавањата се дел од големиот проект “Древна цивилизација“, на кој работиме околу 15 години, под раководство на новинарот и публицист Тренчо Димитриоски.
Целта на ваквите предавања е, преку презентација, афирмација, популаризација и едукација, создавање основа за развој на културен, селски и природен туризам.
Предавањата содржат:
- Археологија – остатоци од населби, култно-религиски и други објекти
- Историја – настани и личности поврзани со конкретните населби, пишани извори и податоци
- Современи истражувања и пишани документи, истражувања и трудови
Предавач: Тренчо Димитриоски, новинар, писател и истражувач од Прилеп.