ПРЕДАВАЊА 2017
ПРОГРАМА 2017
Културниот истражувачко-документациски центар за Мариово „КАЛЕШ АНЃА“ веќе неколку години работи на проектот „Запознавање со културата и историјата на Пелагонија и Мариово“ преку растурање на соодветна литература, организирање предавања со видео-презентации, изложби и слични манифестации.
Во програмата за 2016 година се планирани десетина предавања со видео-презентации за потеклото, културата и историјата на десетина села, заедно со нивниот атар, од областите Пелагонија, Мариово и Прекурид. Предавањата се дел од големиот проект “Древна цивилизација“, на кој работиме околу 15 години, под раководство на новинарот и публицист Тренчо Димитриоски.
Целта на ваквите предавања е, преку презентација, афирмација, популаризација и едукација, создавање основа за развој на културен, селски и природен туризам.
Предавањата ќе содржат:
- Археологија – остатоци од населби, култно-религиски и други објекти
- Историја – настани и личности поврзани со конкретните населби, пишани извори и податоци
- Современи истражувања и пишани документи, истражувања и трудови
Првото предавање „СЕЛОТО СЕЛЦЕ, ПРИЛЕПСКО – ОД ПРАИСТОРИЈАТА ДО ДЕНЕС“ ќе биде реализирано на 31.03.2016 година во салата на Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, со почеток во 19 часот.
Предавач: Тренчо Димитриоски, новинар, писател и истражувач од Прилеп.
Освен предавањата, Културниот истражувачко-документациски центар за Мариово „КАЛЕШ АНЃА“ реализира и три манифестации – Чествувања, и тоа: 113 години од загинувањето на легендарниот војвода Толе Паша во селото Крушевица, Прилепско, 113 години од загинувањето на војводата Петре Георгиев Железарот во селото Дрен, Прилепско и 114 години од битката на врвот Маргара кај селото Чаниште, Прилепско.